He им дoaѓa пaмeт: 3aтвopeн угocтитeлcки oбjeкт вo Тетово, paбoтeл пo дoзвoлeнoтo вpeмe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 15.02.2021 околу 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.М.(48) од тетовско Вешала, затоа што при контрола во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска” во Тетово било констатирано дека работел по дозволеното време и во него биле затекнати седум лица – гости.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање на случајот, против Н.М. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Исто така, од слобода била лишена и косовската државјанка Л.М.(18), која се наоѓала во објектот, а која илегално влегла во нашата земја и непријавено престојувала на подрачјето. Таа била задржана во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This