Hoвa гoдинa, co cтapитe maки: Peцecиjaтa нa Заев дoнece пoлoвинa милиoн гpaѓaни дa гo пoминyвaaт дeнoт co пoмaлкy oд 130 дeнapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова година, стари проблеми со Зоран Заев. На 1 јануари пола милион наши сограѓани се разбудија и го живеаја денот со само 130 денари. Половина милион граѓани се на прагот на сиромаштија. Тоа го донесе Зоран Заев и неговата неспособна влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека илјадници тутунари имаат намалени приходи и незнаат како да врзат крај со крај. Земјоделците во целост се донесени на питачки стап.

-За само три месеци во минатата година Заев го зголеми долгот на државата за 1 милијарда евра. Земјата е презадолжена. Неспособноста на Заев се гледа и по економската неактивност. Македонија и официјално влезе во рецесија. Се во стопанството е забавено. Фирмите имаат пад на приходи, а единствена константа се тендерите кои ги земаат фирмите на Заеви. Во Новата Година влеговме со нерешени случаи како Еуростандард, ШИК ЈЕЛАК, Рекет 1 и 2 и многу други. Кога се работи за одговорност на некој од врвот на власта одговорност нема. Нема одговорност за рекетирањето фирми, ниту има одговорност за крадењето од народот. 2021 година мора да биде година на промени. Година на одговорност, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This