дома блог страница 5

Спасовски: Заев ќе биде запишан во историјата, носеше храбри и визионерски одлуки, кои што не можеа да ги разберат многу од граѓаните

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во студиото на ТВ21 се осврна на оставката на Зоран Заев нагласувајќи дека сѐ што направил премиерот во заминување е историски факт и дека му е чест што бил негов соработник во изминатите години.

-Мора да признаеме сите, и тоа е историски факт за сето она што го направи Зоран Заев и како лидер на опозицијата во тој момент, и потоа како претседател на Владата. Направи многу храбри исчекори, се донесоа многу важни одлуки за иднината и за државата. Ми беше чест што бев соработник на Зоран Заев. Секогаш носеше одлуки кои се храбри и визионерски, и кои што не можеа да ги разберат многу од граѓаните, но одлуки кои се покажаа како исправни, рече Спасовски.

Во однос на оставката, Спасовски рече дека тоа е лична одлука на Заев, која е чекор кон демократизацијата и кон покажување на одговорност

„Тоа е лична негова одлука. Затоа напоменав што носеше како одлуки, и во вакви околности мислам дека ова исчекор повеќе кон демократизацијата и кон покажување на одговорност. Можеби тешко ќе ја разбере одлуката секој од нас во однос на оставките од двете функции. Сметав дека треба сериозно да се размисли во однос на тие одлуки, пред сѐ од аспект на државата“, рече Спасовски.

Спасовски: Не треба да бидам дел од новиот тим на СДСМ, Ковачевски треба да избере нови луѓе

Министерот Оливер Спасовски смета дека не треба да биде дел од тимот на новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, и дека се потребни нови луѓе со нови визии.

Ова Спасовски го кажа вечерва од студото на ТВ21 во дебатниот магазин „Клик ppлус“, додавајќи дека Ковачевски треба да направи избор од нови луѓе кои ќе му бидат блиски соработници.

„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим. Јас го кажав како став, што сметам јас. Дека треба можеби нови луѓе, луѓе кои се граделе низ структурите на партијата, луѓе кои имаат една поинаква визија, а ние ќе бидеме тука да направиме еден чекор на растењето на СДСМ“, вели Спасовски.

(Фото) Изгоре до темел куќа во Кисела Вода, Ѓорѓиевски најави помош и повторна изградба на домот

Вечерва изгоре до темел куќа во Кисела Вода во сопственост на Тони Атанасовски. Градоначалникот Ѓорѓиевски излезе на лице место и повика сите хумани граѓани и општествено одговорни компании и фирми да се вклучат и да помогнат Атанасовски повторно да добие дом. Атанасовски е привремено сместен додека да не се создадат услови да се врати во својот дом.

„Предмалку добив потресна вест, каде што домот на мојот сограѓанин Тони Атанасовски е опожарен до темел.
Траорна ситуација, тажна и далеку потресна. Во наредниов период сите хумани сили ќе ги насочиме кон негова помош.
Повторно ќе го изградиме домот на Тони. Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен.
Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло.
Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме!
Домот е столб на хармонија и среќа, така да ќе го изградиме повторно“, информираше градоначалникот Ѓорѓиевски.

Путин открива: Европа го препродава рускиот гас седум пати поскапо

epa04045634 President of Russia Vladimir Putin attends a press conference at the end of a EU Russia Summit at the European council headquarters in Brussels, Belgium, 28 January 2014. Russian President Putin was meeting top European Union officials for a summit expected to be marred by tensions over everything from international diplomacy to energy. EPA/OLIVIER HOSLET +++(c) dpa - Bildfunk+++

Путин изјави дека Русија постојано ги предупредува европските партнери за опасноста од колапс на системот на долгорочни договори, дека Москва се уште е подготвена да и помогне на Европа во ситуацијата со цените на бензинот, но подвлече дека проблемите со гасот ги создала самата Европа.
Рускиот претседател Владимир Путин на денешната годишна прес-конференција се осврна на состојбите на европскиот пазар на гас, особено на скокот на цената на тој извор на енергија, оценувајќи дека проблемот со поскапувањето на гасот го создала самата Европа, што препродава евтин руски гас по многу повисоки цени.

„Европските купувачи го препродаваат гасот што го добиваат од Гаспром, во согласност со долгорочните договори, по цени што важат на самото место, кои се до седум пати повисоки од оние од долгорочните договори“, рече Путин, пренесува Тасс.

Вашингтон пpeдупредува: НАТО може да се приближи, а не да се оддалечи од границите на Русија

Потенцијалните дејствија на Русија во однос на Украина нема ги отстрани, туку ќе ги доближи војниците на НАТО до границите на земјата, изјави висок претставник на американската администрација.
Ако Русија продолжи напред во она што веќе се случува, ние и нашите сојузници сме подготвени да наметнеме остра цена што ќе и наштети на руската економија и ќе доведе до она што Русија не го сака – НАТО поблиску, не подалеку од руските граници. Тоа директно и го пренесовме на Русија“, изјави американскиот функционер.

Истовремено, тој додаде дека Вашингтон не забележува оти Украина создава ескалација на воената тензија на границите со Русија.
„Не гледаме никаков доказ за таква ескалација од украинската страна“, истакна претставникот, додавајќи дека оружјето што западните земји и го снабдуваат на Украина не претставуваат никаква значајна закана за Русија.

„Исто така и кажавме на Русија дека значителен напредок може да се постигне само во атмосфера на деескалација“, рече американскиот претставник.
Тој додаде дека преговорите нема да бидат ограничени само на руските предлози, туку ќе има разговори и за загриженоста на САД во однос на активностите на Москва.
„Преговорите исто така ќе ја вклучат, како што треба, нашата и загриженоста на нашите сојузници за дејствијата и чекорите на Русија кои ја дестабилизираат европската безбедност“, рече тој.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки потврди дека безбедносните разговори ќе се одржат на почетокот на јануари.
„Преговорите ќе се одржат во јануари. Сè уште не сме ги договориле сите нивни детали, односно тоа ќе биде следниот чекор“, изјави таа за новинарите.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на годишната прес-конференција се осврна на претходните ветувања на НАТО дека нема да се прошири на исток, велејќи дека Русија е измамена Тој укажа на пет бранови на проширување на НАТО“ откако во 1990-тите рекоа дека нема да се преселат на исток ниту за милиметар.

Мицевски: Владата во оставка имаше обврска да одговара на пратенички прашања

„Ова е низок морален чин од страна на премиерот Зоран Заев од причина што на координацијата што се одржа понеделникот договорено беше оваа седница за пратеничките прашања да се одржи на денешниот ден 23.12.2021 година. Иако не е последен четврток од месецот, секако. Премиерот Заев чекаше во текот на вчерашниот ден да заврши седницата за да ја постави својата оставка, а не да ја поднесе за време на седницата, затоа што знаеше дека ќе има дискусии и коментари од пленарната говорница, а тоа е нешто што во овој момент не им одговара на СДСМ“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „24 анализа“.
Мицевски додаде дека доколку беше висок морален чин оставката иако тој би го класифицирал како класично бегство од она што следува и од резултатите кои што ги направи СДСМ на локалните избори, свесни дека наредниот период само на полошо ќе одат работите во СДСМ, ова е еден вид на евакуација на Заев, би почекал доколку сака да го класифицира како висок морален чин да завршат пратеничките прашања бидејќи тие беа најавени и уредно прифатени. Дури смета дека роковите не се многу разлика доколку таа оставка беше поднесена во текот на денешниот ден.
„Ама упорно бегајќи изминатиов период затоа што морам да кажам дека последните пет месеци нема одржано пратенички прашања ниту еднаш, упорно бегајќи од сите одговори кои што треба да се дадат пред македонската јавност ние дојдовме во ситуација да измислуваме тактики и стратегии како да избегаме од граѓаните и од одговорите, а пред се од транспарентноста. И ова Влада на начинот на кој што го започна својот мандат популистички, на истиот тој начин и го завршува“, децидно нагласи Мицевски.
Мицевски посочи дека добро е што граѓаните се политички едуцирани па го казнија СДСМ.
„Членот 93 од Уставот во став 5 вели дека Владата на која што е изгласана доверба, или која што поднела оставка како во случајот наш, или мандатот кој што престанал во распуштање на Собрание, останува во должност до нова Влада. Значи ние сега таа Влада ја имаме, постои институт Влада во оставка. И сега во правото постои институт Влада во оставка, таа Влада во оставка работи во периодот додека не се избере нова Влада. И таа Влада во оставка има обврска да одговори на прашањата што ќе ги постават пратениците, значи тоа е една од алатките на опозицијата“, истакна Мицевски.
Мицевски додаде дека опозицијата немаше на пратеничките прашања да ја прашува оваа Влада кои ќе бидат нови министри или која ќе им биде програмата, туку за актуелни теми и проблеми кои што ги мачат граѓаните на Република Македонија.
„Требаше да одговорат на сите оние скандали за кои што се бега во изминатиов период. Ние во текот на денешниот ден по завршување на седницата за која што колегата Митрески рече дека нема предуслови да продолжи затоа што Владата дала оставка, продолжи со други седници “, укажа Мицевски.

Долги колони на Табановце, се чека со часови за влез во земјава

Редици автомобили долги по два километри се создадоа попладнето и вечерва на граничниот премин Табановце кон Србија, објави Алсат.

Автобусите чекаат од три до пет часа за да ја минат границата, а патниците, кои главно се враќаат во Македонија за новогодишните празници, се револтирани, пишува Алсат.

Според дел од патниците, има и автобуси кои поминуваат веднаш, без чекање, додека некои чекаат со часови.

Гужвата почнала да се создава околу пладне и оттогаш само се влошува, велат патниците.

Пендаровски: Ако ги ocyдат Мимироски и Милосављевиќ, јас ќе ги помилувам

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, запрашан за тужбата што ја поднесе Агенцијата за разузнување и обвинувањата против новинарите Горан Момироски и Драган Милосављевиќ, изјави дека е запознаен за случајот, и дека добил уверување дека некои од изнесените ставови имаат елемент на државна тајна.

„Прво, никогаш не сум одобрувал државен орган да тужи новинар. Никогаш. Меѓутоа, луѓето во агенцијата ме убедија дека таму постојат наводи дека наводно, таму, со тие известувања на новинарите, се пробиени службени државни тајни. Не знам дали е точно, судот нека утврди. Прво, не сум да се тужат, второ, ако стварно го направиле ова, не е добро бидејќи може да се поткопа националната безбедност. Трето, ако судот утврди дека на вистина не се виновни, за нив ќе биде пособро да речат еве, беспредметно бевме изложени на политички притисок од Агенцијата. Тогаш ние ќе се свртиме према Агенцијата и ќе речеме зашто ова сте го направиле кога не пробиле никаква државна тајна“, вели Пендаровски.

„Меѓутоа, ако судот на крај наиде, дека овие двајца се кабает, јас ви кажувам дека јас сум подготвен, ако не станува збор за не знам каква информација од национално витално значење која може да ја растури државната безбедност, јас сум подготвен да ги помилувам двајцата“, додава тој.

Пендаровски додаде дека не сака да ни се повтори случајот „Томче Кежеровски“.

Ќе ми биде драго да не се виновни, а, доколку бидат осудени, јас лично ќе ги помилувам, рече претседателот на државата.

Чибишев: Новиот клинички центар стана тpaгедија во македонското здравство

Во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа, гостуваше доктор Андон Чибишев, каде што во однос на изградбата на нов клинички центар, Чибишев истакна дека него му е многу тешко да зборува за изградбата на новиот клинички центар, затоа што тој проект нов клинички центар, стана трагедија на македонското здравство.

– Ние во 2017-та имавме проект готов, завршен со поминати сите ревизии, обезбедени средства од европски банки и институции и ревизија направено од европски институции и потребно беше да се продолжи со градба на тој проект, посочи Чибишев.

Тој додаде дека ако стариот проект чинеше околу 120 милиони евра што власта се откажа, овој нов проект чинеше 500 милиони евра. Сега овие 500 милиони евра се на ливада каде што немаме ништо решено во однос на инфраструктура, комуникација, инсталација и не сум сигурен дека и имотно правно е решено.

– Клиничкиот центар во 2017-та година чинеше со се опрема околу 120 милиони евра, и со тоа ќе добиевме една нова зграда клинички центар на веќе постоечката локација. Таа идеја беше отфрлена со образложение дека нема сообраќајно решение со што Чибишев не се сложува, рече Чибишев

Тој посочи дека сега во моментов ние планираме нов клинички центар во Скопје, а клиничка болница во Штип која е веќе напредната во изградбата веќе четири години и повеќе ништо не се работи.

– Навистина тешко ми е да зборувам за нов клинички центар, каде што поминаа 5 години и имаме ниту една лопата фрлена, ниту една цигла ставено во новиот клинички центар и не гледам дека во догледно време нешто сериозно околу тој проект да се решава, заклучи Чибишев.

Бела куќа: САД нема да се согласи со руските предлози за НАТО

САД нема да се согласат со руските предлози за безбедност во однос на НАТО, но би можеле да се согласат со други иницијативи, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
„Русија даде предлози – ние би се согласиле со некои, а со некои – на пример, оние што се однесуваат на НАТО, се разбира не. Би сакал да нагласам дека НАТО е одбранбен сојуз, а не агресивен. Нема докази што укажуваат на спротивното, како од САД, така и од другите членки на Алијансата“, рече Псаки.

Истовремено, таа изјави дека Белата куќа смета дека вистинскиот начин е да се водат преговори во оваа ситуација.
Како што прецизираше Псаки, местото и времето на безбедносните преговори со Русија не се утврдени, но тие се планирани за почетокот на јануари.

После тоа зборуваше и портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, кој потсети дека рускиот претседател Владимир Путин веќе зборувал за подготвеноста на руската страна што поскоро да ги започне преговорите за безбедноста со САД.
На 17 декември Русија објави нацрт- договори со Соединетите Американски Држави и НАТО кои вклучуваат, меѓу другото, одредби за меѓусебни безбедносни гаранции во Европа, за нераспоредување на ракети со среден и краток дострел на взаемен дострел и за натамошно одбивање Проширување на НАТО на исток, вклучително и во име на поранешните републики на СССР.