дома блог страница 4

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната банда на власт сака да го продаде имотот на Славија за 100 пати пониска цена, исто како во време на криминалната приватизација

Власта на Заев и во скандалот со продажбата на Славија покажа дека работи по истата шема како од приватизацијата и матните времиња на транзицијата. Имено и тогаш и сега во случајот со АД Славија се обезвреднува имотот и се продава по далеку пониска цена од реалната на лица блиски до СДСМ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта на Заев се обиде имотот на гигантот Славија да го продаде по цена од 218 илјади евра, а реалната вредност на истиот е над 20 милиони евра. Тоа значи дека криминалната шема на власта на Заев била овој имот да се продаде по сто пати пониска цена од реалната.

Замислете само управната зграда и земјиштето околу неа вреди многу повеќе од 200 илјади евра. А каде е вредноста на имотот на АД Славија во Кисела Вода, каде е вредноста на имотот на АД Славија на другите локации во Скопје?

Да потсетиме дека само минатата година Славија имаше приходи кои се повеќе од цената по која криминалците од власта сакаа да ја продадат во нетранспарентен процес непосредно пред празниците.

Ете тоа е лицето на власта на Заев, во која подеднаква одговорност имаат и Љупче Николовски викан Путер и Димитар Ковачевски викан Таче, попознат како пиун на Зоран Заев.

Овие луѓе се класични лицемери. Полна им е устата за борба против криминалот и нулта толеранција на корупцијата а молчат или се директно инволвирани во криминалот во АД Славија тежок десетици милиони евра.

Одговорност за овој грабеж кој сакаше да го направи оваа криминална банда на власт, мора да има, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Бугарија со резултати од вештачењето за автобуската несреќа во недела

После цел еден месец од автобуската несреќа во Бугарија, бугарските истражни служби најавија дека резултатите од вештачењата – судско-медицинското, техничкото и пожарно-техничкото би можело да бидат готови и до 25 декември.

Според шефот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнел дожд и патот бил влажен.

– Брзината на автобусот била прилично несоодветна со условите на патот. Мислам дека возел над 90 километри на час. Барањата на еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач, рече Сарафов.

Тој нагласи и дека нема причинско-последична врска меѓу несреќата, патната сигнализација и ознаките, појаснувајќи дека тие можеби придонеле за неа, но возачот морал да биде повнимателен и да вози со соодветна брзина. Сепак, Сарафов посочи дека ознаките на патиштата „очигледно не ги исполнуваат условите”.

Истрагата досега покажува дека автобусот од се уште непозната причина скршнал вдесно и удрил во заштитната ограда која го дели просторот за одмор од автопатот. Од ударот се дупнал резервоарот за гориво, избувнал пожар и возилото се заглавило меѓу заштитните огради што ги дели двете ленти на автопатот.

Увидот на бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи на местото на инцидентот покажа дека тротоарот е во одлична состојба, но ознаката е дотраена, а не е извршена и пролетната наредба за негово реновирање.

Во автобуската несреќа на автопатот „Струма” во Бугарија што се случи на 23 ноември загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седуммина беа повредени. Тие се враќале од туристичко патување во Турција.

Соопштение од ЕВН: Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот центар на Скопје

Oд 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во строгиот центар на Скопје. Како што соопштија вчера од компанијата ЕВН, семафорите нема да работат оти овој дел од градот ќе биде без струја.

Од ЈП „Улици и патишта“, која е надлежна да ги регулира семафорите, го повикаа Министерството за внатрешни работи да го регулира сообраќајот.

„МВР да не дозволи да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот“, велат од претпријатието.

На 7 декември, поради исклучување на семафорите во попладневните часови Скопје беше парализирано. Повеќе од три часа цел град беше блокиран, колите со саати стоеја во место, а не можеше да минат ни возила на Брза помош.

Генералштабот реферираше кај Претседателот за борбената готовност на армијата

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира врховниот командат на вооружените сили и претседател на државата Стево Пендаровски за борбената готовност на Армијата во тековната 2021 година.

На реферирањето, кое е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот, ќе биде презентирана состојбата во Армијата по функционалните области кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, моралот, операциите во земјата и странство, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воена соработка, како и за трансформацискиот процес во Армијата.

На брифингот за борбената готовност најавено е присуство и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, генералите во Армијата и членови од Кабинетот на претседателот.

Дневен хороскоп за 24 декември – еве што ве очекува денес

Овен

Огромни амбиции, огромна глад за работа но и за успех и резултати. Сето тоа ќе ве наведе се’ повеќе да работите. Секако дека треба да се опкружите со способни и инспиративни луѓе, едноставно направете свој тим – вие ќе бидете лидерот. Предлагајте идеи, но слушнете што имаат да ви кажат другите.

Бик

Можете да очекувате ден без поголеми тензии и проблеми. Можни се мали несогласувања на полето на љубовта. Слободните ќе се запознаат со личност која не живее во истото место, па можно е да остварат врска на далечени. Не плашете се од флертување, нема никој да ви ја земе драгоцената слобода.

Близнаци

Иако овој ден е добар во секој свој сегмент, сепак, кај вас најмногу ќе се одрази на емотивниот план. Љубовта ќе ги засени сите останати случувања. Не само што во постоечките емотивни односи сè ќе оди на подобро од обично, туку ќе ви се отворат и нови можности за среќа.

Рак

Сега е моментот некои деловни, но и приватни обврски, да се завршат на полесен начин од инаку. Сè ќе ви оди од рака, па прифатете го и она што досега било во застој. Вистинско време е со емотивниот партнер да поразговарате и за некои посериозни теми.

Лав

Барем за момент оставете ги деловните обврски таму каде што треба да се – на вашето биро. Едноставно, работата нека ви биде во втор план, особено што тука нема да дојде до некои поголеми промени и случувања. Но, можете да се изненадите од информациите кои доаѓаат од страна на претпоставените.

Девица

Контакти со луѓе од минатото, од некоја минато ваше работно место. Ќе ги возобновите. Плановите полека почнуваат да се реализираат. Не само што ќе ве израдува конечното случување во овој сегмент, туку веројатно и финансиски ќе ве израдува повеќе отколку што сте мислеле.

Вага

Денес сè ќе ви оди од рака. И работата, и парите, и љубовта. Според тоа, постојано имајте насмевка на лицето и подгответе се да ги демнете можностите кои сигурно ќе ви се укажат. Единствено е важно да не седите и да не чекате нешто да ви падне од небо. Активирајте се и нема да пожалите.

Скорпија

На работа ќе се случува вистинска мала драма. Вие изгледа најмногу уживате кога мора да се борите за она што го сакате. Сигурно од таа причина и ви е најмило кога на крајот и ќе победите. А, победата во деловниот сегмент и финанасиите денес се резервирани за вас. Само храбро напред и не дозволувајте ништо да ве спречи.

Стрелец

Насочете се во целост на деловниот сегмент, бидејќи денес преку него одат признанија, одобрувања од претпоставените или дури поголем финансиски надомест за работата. Убавите вести нема да ве заобиколат ниту на емотивно поле – саканата личност ќе ви посветува големо внимание и ќе ве опсипува со подароци.

Јарец

Денес ќе бидете во дилема на кој важен животен дел да му дадете приоритет. Имате големи обврски на работа кои мора да ги завршите во текот на денот… но сакате своето време да му го посветите и на некому кој многу ви се допаѓа. Ќе мора добро да балансирате за сè да функционира како што треба.

Водолија

Вашите деловни планови денес почнуваат да се остваруваат и ќе бидете многу задоволни од случувањата. Не само тоа – се појавува една личност која целосно ќе ви го окупира вниманието и ќе ве раздрма. Ќе флертувате па дури и ќе влетате во авантура со таа личност. Некои исклучителни моменти денес ќе бидат резервирани за вас.

Риби

Ќе договорите една мошне финансиски исплатлива работа. Ова може да биде и дополнителна работа или нешто што сте покренале со помош на пријателите. Во средбата со една личност најмногу ќе се заинтересирате ако го покажете она што е ваша најдобра особина – природниот оптимизам и духовитост.

Денес сончево време со утринска магла

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од -2 до -9 степени, а дневните од 2 до 10 степени.

За утре метеоролозите најавуваат наутро услови за појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, позначителна во планинските делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Нови врнежи од дожд се очекуваат од понеделник.

Спасовски: Бројчаникот можеби го нема, но пари се враќаат

„Бројчаникот можеби физички не проработе, но фактички и преку правните одлуки тој проработи“. Ова го коментираше министерот Оливер Спасовски вечерва во студиото на ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“ околу бројчаникот на Триумфална капија кој го најави Зоран Заев.

Спасовски вели дека биле носени одлуки преку кои биле вратени финансиски средства.

„Имаше неколку одлуки кои се носени и вратени финансиски средства. Една од нив е на Владимир Тодоровиќ. Не е еден случај, и не е една одлука која значи враќање на парите во буџетот. Постојат многу одлуки такви, така што едно е што не постои физички. Ако ме прашате за динамиката дали е доволно, сметам дека не е и треба уште повеќе“, рече Спасовски.

Наставничка од Италија уапсена поради cekc со мaлолетници, ги носела во мотели и ги снимала

Италијанската полиција уапсила 45-годишна наставничка во основно училиште поради малолетничка порнографија и сексуална експлоатација на малолетници, пренесе агенцијата „Анса“.

Наставничката од провинцијата Бари намамувала малолетници преку социјалните мрежи, каде што работела под псевдонимот „тетка Мартина“.

Полицијата започнала истрага по пријави од родители кои биле вознемирени од необичното однесување на своите синови.

Утврдено е дека наставничката сексуално злоупотребила малолетници кои ги носела во локални мотели, а со некои од нив снимала и видеа со порнографска содржина или сексуалниот чин го пренесувала „во живо“, притоа споделувајќи го со повеќе малолетници.

Наставничката во моментот е во домашен притвор, а карабинерите истражуваат дали во аферата учествувале и други лица, покрај досега идентификуваните.

Скопјанец yцeнувал девојка, ѝ барал 3.000 евра за да не објави нејзини компромитирачки фотографии

Денеска (23.12.2021) во трговски центар во Скопје полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го приведоа А.Е. (24) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело уцена. Имено, А.Е. побарал 3000 евра од 22-годишна девојка од Скопје за да не објави компромитирачки фотографии. Девојката го пријавила делото во СВР Скопје, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и и се дадени кримтехнички обработени пари, кои таа му ги дала на А.Е. на претходно договорена средба во трговски центар во Скопје.

Веднаш откако ги земал парите, А.Е. е лишен од слобода,а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Бајден потпиша забpaна за увоз од кинеската покраина Ксинџијанг

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз од Ксинџијанг поради принудната работа во тој кинески регион, објави Белата куќа.

Нацрт-законот, кој доби одобрување од Конгресот на 16 декември, е дел од одговорот на Вашингтон на, како што го нарекуваат, прогонството на ујгурското муслиманско малцинство во регионот од страна на Кина. Законот е донесен поради загриженоста дека сите стоки во Ксинџијанг се произведени со принудна работа.

Кина негира дека ги прекршува човековите права во Ксинџијанг, од каде потекнуваат повеќето материјали за соларни панели во светот, но американската влада и хуманитарните организации велат дека Пекинг таму врши геноцид.

Претходно овој месец, американското Министерство за финансии санкционира двајца високи кинески функционери за кршење на човековите права во регионот и кинеска компанија за вештачка интелигенција SenseTime за нејзината технологија за препознавање лица, која наводно го таргетира малцинството Ујгури.

Поради ситуацијата во Ксинџијанг, американските политички претставници одлучиле да ги бојкотираат Зимските олимписки игри следната година во Пекинг, а им се придружиле и политичари од Австралија, Канада и Обединетото Кралство.