Бајден потпиша забpaна за увоз од кинеската покраина Ксинџијанг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз од Ксинџијанг поради принудната работа во тој кинески регион, објави Белата куќа.

Нацрт-законот, кој доби одобрување од Конгресот на 16 декември, е дел од одговорот на Вашингтон на, како што го нарекуваат, прогонството на ујгурското муслиманско малцинство во регионот од страна на Кина. Законот е донесен поради загриженоста дека сите стоки во Ксинџијанг се произведени со принудна работа.

Кина негира дека ги прекршува човековите права во Ксинџијанг, од каде потекнуваат повеќето материјали за соларни панели во светот, но американската влада и хуманитарните организации велат дека Пекинг таму врши геноцид.

Претходно овој месец, американското Министерство за финансии санкционира двајца високи кинески функционери за кршење на човековите права во регионот и кинеска компанија за вештачка интелигенција SenseTime за нејзината технологија за препознавање лица, која наводно го таргетира малцинството Ујгури.

Поради ситуацијата во Ксинџијанг, американските политички претставници одлучиле да ги бојкотираат Зимските олимписки игри следната година во Пекинг, а им се придружиле и политичари од Австралија, Канада и Обединетото Кралство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This