KAЗНА ОД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА: ЕУ ја kaзни Грција за Законот за лични податоци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грција се соочува со парична kaзна во висина од околу 2,5 милиони евра од cyдот на Европска Унија, затоа што во предвидениот рок не ги пренела во националното законодавство упатствата на ЕУ од 2016 година за зaштита на податоците од личен карактер, соопшти портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас објасни дека Грција, заедно со Шпанија се единствените земји членки на ЕУ кои не ги исполниле обврските и Европската комисија го повикува cyдот на Унијата да изрече парични санкции за Грција во висина од 5 287,5 евра за секој поминат ден што не е вклучен законот, почнувајќи од 7 мај 2018 година.

– Станува збор за неактивност, повеќе од една година, што е на товар на претходната влада и што до денес чини 2,5 милиони евра. И не е само финансиската цена во тешки времиња, туку пред сѐ дека не се целосно гарантирани личните податоци на граѓаните. Премиерот беше известен за доцнењето на нашата земја и за изречената kaзна и му даде упатства на надлежното Министерство за правда да ги преземе сите неопходни чекори, рече Пецас.

Портпаролот на грчката Влада објасни дека веќе во следените денови ќе биде донесен предлог закон за усогласување на грчкото со законодавството на ЕУ за гарантирање на целосна зaштита на личните податоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This