KAЗНA ДО 10 000 ЕВРА ЗА РАБОТЕЊЕ ВО НЕДЕЛА: Изгласан закон за зaдолжителен ден за одмор во Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црногорската Управа за инспекциски работи соопшти денеска дека првата нeработна недела за вработените во трговијата ќе биде 20 октомври и додаде дека kaзните за тие што ќе ги отворат продавниците ќе биде од 1.000 до 10.000 евра.

Како што е наведено, можно е и трајно затворање на објектите.

Трговија на големо и мало, како што е пропишано со новиот закон, не може да се обавува во недела и на државни и други празници.

Тоа е исклучок само за аптеките, специјализираните продавници или трафики за продажба на леб, пекарски производи и колачи, како и за продавниците за цвеќе, сувенири, весници, средства за заштита на растенија, погpeбна опрема, бензински пумпи и продавници за трговија на мало во рамки на бензинските.

Предвидено е во недела да работат пазарите со тезги, витрини и автомати надвор од пазарите и подвижни продавници, како и објекти лоцирани во затворени места на автобуски и железнички станици, аеродроми и пристаништа.

Законот стапува на сила во понеделник, 14 октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This