Наташа Савова е поранешната шефица на кабинетот на Бранко Црвенковски и пратеничка на СДСМ, а пред 4 години се вработи во Стопанска банка – Битола. Оттука потекнаа и шпекулациите за односот кој Савова го има со Орце Камчев кој е еден од главните акционери на банкат. Нејзинот име повторно го актуелизираше Бојан Јовановски попознат како Боки 13 денеска на второто рочиште за случајот „Рекет“.
-Која е улогата на Наташа Савова во дистрибуција на нелегално снимените материјали го запраша 13-ка Камчев.
Прашањето не го дозволи судијката.
Дали има улога Наташа Савова во дистрибуција на нелегално снимените материјали, го преформулираше прашањето Јовановски.
Нема, одговори Камчев.