Kapиерата му зaвpши нecлавно, кој е Рашковски – од apoгантен политичap до ocoмничен?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој е Драги Рашковски, чие име деновиве ја бранува македонската јавност по скандалозната набавка на софтвер со огромна сума на државни пари за Министерството за внатрешни работи за кој што ниту имале, ниту пак знаеле за таквата набавка.

Од доцент на Првниот факултет Јустинијан Први со три магистратури и еден докторат како што стои во неговата биографија, на првата владина седница на 5 јуни 2017 година од страна на премиерот Зоран Заев е именуван за генерален секретар на Владата на Република Македонија.

Но, би рекле неславно бидејќи функцијата ја извршува со низа скандалозни изјави и афери. Па така хронолошки гледано од изјавите на народот му треба добар ќотек да го ишамара за да се свести каде е, Италијаците се ебивете народ, Малтежерите се преваранти, арогантен однос кон новинарите со закани за тужби до нив, порталите и политичките партии, отидов на одмор со семејството во Мексико оти е многу евтино па се до видео снимка објавена во италијанскиот весник „Ла Верита“

На 2 јуни 2019 година италјанскиот „Ла Верита“ објави транскрипти од аудиоснимка за наводно договарање тендер во М-НАВ за наводно договарање тендер во М-НАВ во кој пишуваше дека е вмешан генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, со текстот „Скандал во Скопје, Тендер за ‘Леонардо’, Цигани како нас“.

Имено, станува збор за италијанската фирма Леонардо за набавка на систем за управување со воздушниот простор во вредност од 7 милиони евра, иако важноста на тендерската документација била истечена, со што постоеја сериозни индиции дека Рашковски од позиција на генерален секретар сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а му се закануваше затворска казна од најмалку 5 години. Но, иако од страна на Јавното обвинителство се прибираа информации за истрагата, се уште нема никаква правна разрешница и по речиси три две години.

Потоа, Рашковски се поврзуваше и со уште еден крупен скандал за склучување на јавно приватно партнерство од страна на владата на СДСМ за хеликоптери со фирмата Сархемс ДООЕЛ која патем била стара само 24 дена од објавување на повикот за ова финансиски неисплатливо и неисплатливо јавно приватно партнерство кое државата ќе ја чинеше 72 милиони евра.

Како што информираа дел од медиумите, еден од членовите на комисијата во извештајот навел дека од компанијата Сархемс не ги доставиле сите потребни документи во предвидените рокови, односно и потврдата дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење дејност и управување – е доставен по предвидениот датум од 10.10.2019 година.

Извештајот кој го потпишал токму Раковски како генерален секретар а кој бил и усвоен од влада се многу законски пропусти и прекршувања во целата постапка со која Сархемс и владата станаа партнери во бизнисот со хеликоптери кој со вложени 10.000 евра ќе днесе ќар од над 70.000.000 евра.

Но, ниту овој скандал од страна на Рашковски и власта не беше во интерес на истрага од страна на правосудните органи за прогон.

Понатаму, Рашковски се поврзува и со контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, кој пак еден ден по изборите преку гласање на советот на општина Тетово за ДУП-от на Шик ЈЕЛАК добива зделка за изградба на 230.000 квадратни метри на станови и деловни објекти, афера тешка 200 милиони евра. Во аудиоснимките кои протекоа во јавноста се слушаше разговор каде

Ги знам тие ваши трикови. Јас вас ви дадов 300.000 евра и 2.000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе те исплатив и со тебе немам ништо“ – му вели Давидовиќ-Дака на Кичееч кој е осуден за случајот Рекет, на што Милески одговорил дека има работа сега со Рашковски.

Но, ни како првите две афери, ниту аферата за Шик ЈЕЛАК Јавното обвинителство остана глуво на овие информации, кое притоа може да отвори случај по допрен глас.

Последен скандал поврзан со Рашковски е токму набавката за софтвер за потребите на Министерството за внатрешни работи во вредност од 810.000 евра, иако ниту имало потреба, ниту знаело за ваква набавка, ниту пак го користеле овој софтвер.

Ниту за овој случај Јавното обвинителство немаше да покрене истрага, ако не беа реакциите од страна на јавноста по фејсбук статусот на техничкиот министер Наќе Чулев кој напиша дека не му е јасно како Рашковски набавил софтвер, а Министерството за внатрешни работи не знаело за тоа.

„Во периодот додека ја извршував функцијата министер за внатрешни работи во ниту еден момент не бев информиран дека Генералниот секретеријат на Владата извршил набавка на софтвер за детектирање на сообраќајни прекршоци, ниту пак е побарано од МВР спецификација за набавка на ваков софтвер, проблематика која е единствено во делокругот на надлежности на МВР, а не на други институции. Никаков софтвер не е примен во МВР во периодот додека бев министер. Уште повеќе, никогаш на Влада или на било каква владина работна група не е дискутирано или имало било каква координација за законски промени со цел примена на наведениот софтвер. Ниту тогашниот премиер, ниту генералниот секретар или било кој друг не ме информирале дека ваков софтвер е набавен“, тврди Чулев.

Актуелниот секретар во кабинетот на премиерот Зоран Заев набавката ја склучил со странска фирма додека во МВР се случува надградба на системот за мониторинг на град Скопје “Сејф сити”. „360 Степени“ објави дека набавките на Рашковски никогаш не можеле да бидат инкорпорирани во системот на МВР. За ова има најава дека како случај ќе биде разгледан и од Државната комисија за спречување на корупција. Софтверот вредел околу 80.000 евра, бил набавен, но осум месеци не е пуштен во функција.

„Не ми е јасно зошто Генералниот секретеријат спровел набавка на вакво софтверско решение, со оглед дека Министерството за внатрешни работи, раководено од тогашниот министер, Оливер Спасовски, во истиот период спроведува постапка за набавка на хардверско и софтверско надградување на проектот “Безбеден град”, кое вклучува и софтвер за сообраќајни прекршоци, посебно ако се има предвид дека производителот и одржувач на “Безбеден град” со кој МВР има склучен договор, не дозволува инкорпорирање на надворешни софтверски решенија“, тврди Чулев.

Но, ОЈО по низа скандали конечно реши да отвори истрага за ваквата спорна набавка на софтвер на МВР, а тој од Мексико кој патем со семејство сакал да се одмори зошто било многу евтино, изјави дека единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите.
-Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите. Така што, треба да ги оставиме институциите да си ја вршат надлежноста, кратко изјави Рашковски.

Инаку, Рашковски по поднесената оставка од генерален секретар на владата минатата година, остана во влада како секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата.

Но, скандалите не завршуваат тука, па со скандалите за можна злоупотреба на службената положба и овластувања, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, во интервју во емисијата „Што не е јасно на ТВ Алфа посочи дека антикорупциската комисија отворила предмет за Рашковски за имотната состојба, бидејќи целиот имот со кој располагал Рашковски не бил пријавен во неговиот анкетен лист, откако АЛСА М објави дека Рашковски ќе има нов проект, овој пат изградба на хациенда од 800 квадрати во Побожје, а како инвеститор се наведуваат неговите деца.

А медиумите објавувија дека Рашковски вози скап луксузен џип кој ист така не фигурирал во неговиот анкетен лист, а неговата вредност е 74.000 евра, со што отвори големи сомнежи и нејаснотии како и кога Рашковски успеал да се стекне со олку имот.
Но, ништо не трае вечно. Па така “крајот“ на Рашковски доаѓа откако вчера одекна веста дека е спроведен на распит во ЈО, а по неколку часовниот распит, медиумите известија дека истиот добил 30дневен куќен притвор.

Премиерот Заев и по ваквата одлука од страна ЈО продолжува да го брани Рашковски, но нејасно е зошто. Па оттука се наметнува прашањето дали можеби и тој бил вмешан во криминалните дејанија на Рашковски и дали ЈО ќе го повика Заев на распит, со оглед дека провладините медиуми при изборот на Рашковски за генерален секретар пишуваа дека тој важеше за човек од доверба на премиерот Зоран Заев, а пријателството меѓу нив било долги години наназад, како и тоа дека многу често можеа да се видат во заедничко друштво или како возат мотори.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This