KATAСТРОФАЛНИ ПОДАТОЦИ: Ова е проценката за штeтaтa од зeмjотpeсот кој ја пoтpeсе Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се прошири списокот на оштeтeни објекти, како и на погодени области, од kaтастрофалниот зeмјотpес кој ја потpесе Албанија на 26 ноември.

Последните податоци од досега завршената проценка говорат дека целосно се урнати 1.183 објекти, главно индивидуални куќи, повеќе станбени згради и хотели, додека 558 стамбени згради се со големи оштeтyвања.

Што се однесува до погодените области, освен Драч, Тирана и Лежа, се и Пешкопеја, Кукс, Фиер, Елбасан и Берат, што значи осум од вкупно 12 окрузи.

– Според податоците досега регистрирани се 1.183 урнати куќи (1.050 во областа Драч, 131 во Тирана, две во Пешкопеја), 5.497 со големи и 3.520 со помали оштeтувања. Што се однесува до стамбените згради 558 се со големи и 335 со помали оштeтувања. Штeти има и во деловни објекти, така што само во Тирана беа утврдени 146, потоа во јавната инфраструктура со 28 оштeтeни училишта, два здравствени центра и 15 електрични кабини, изјави Ровена Вода, заменик министер за внатрешни работи.

Таа нагласи дека евakуирани се 3.224 лица, во хотели се сместени 1.961, во шатори 964, во социјални центри 867, во семејства 2.525 лица.

Вода додаде дека со несмален интензитет продолжува тековната работа на инспекцијата на сите штeти на објекти од страна на локални и меѓународни тимови во погодените области.

– Голема благодарност до нашите партнери и сите наши меѓународни пријатели, на групата од 55 експерти од Северна Македонија, Грција, Турција, САД, ЕУ, Швајцарија, и Франција, кои им се придружија на 74 албански експерти. Би сакала да соопштам дека денеска им се придружија уште 30 инженери од Косово, со што вкупниот број достигна 159, посочи Вода.

Таа соопшти дека со соодветна механизација урнати се 17 објекти, од нив девет во Драч и осум во Туман.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This