Koмapците прават мacKp, скопјани испokacaни како никогаш досега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Градот велат дека земајќи ги предвид реакциите на граѓаните кои се оправдани, поради големата наезда што се должи на изразената влага во вегетацијата која придонесува за нивно поголемо размножување, во вторник ќе се спроведе уште едно вонредно прскање против комарци и напоменуваат дека се прска со најдобриот светски препарат, производство на „Бајер“ од Германија, а прскањето и растворањето на средството се врши во согласност со упатството на производителот, а под надзор на комуналните служби на Градот

Не стивнуваат реакциите на граѓаните за тоа дека навечер не можат слободно да излезат на своите тераси или во дворовите без да бидат нападнати од комарците.

Социјалните мрежи се вжештени од коментари дека се нема дерман од напливот на комарците и за тоа дека се бара спас или средство повеќе за заштита од овие инсекти.

Скопјани се сомневаат во ефикасноста на средството со кое прска Градот за уништување на комарците, а некои од нив коментираат револтирано и прашуваат дали можеби се става вода, па не делува воопшто.

-Децата ми се испокасани целосно од комарците. Загрижена сум за нивното здравје. Што е ова, дали воопшто се прска со средство или се става вода -коментира граѓанка на Фејсбук.

Други пак се жалат дека претходните лета воопшто немале ваков проблем.

-Кога излегувам деновиве во дворот, долниот дел на нозете постојано ми се испокасани од комарци. Касаат по неколку одеднаш. Ме направија решето. А да не зборувам за досадниот јадеж, но и можноста да биде пренесена некоја заразна болест – вели жител на Ченто.

И жители на Аеродром се жалат дека досадните комарци постојано напаѓаат, но и дека предизвикуваат проблеми, како што се алергиски реакции.

-Мојата мајка ја касна комарец токму на капакот од окото. Се појави големо црвенило, па моравме да се консултираме со матичниот лекар кој и препиша таблети за алергија и маст, бидејќи се појави и оток – вели жител на Аеродром.

На овој проблем реагираат и граѓани од другите градови во државата.

Од Градот велат дека годинава извршиле четири авионски и четири дезинсекции од земја против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци.

-Поседната фаза од авионското прскање беше минатата недела, односно на 15-ти и 16 август, а терестичното прскање се одвиваше од 17 август до 21 август. Но, земајќи ги предвид реакциите на граѓаните кои се оправдани поради големата наезда што се должи на изразената влага во вегетацијата која придонесува за нивно поголемо размножување, Градот во консултација со здравствените надлежни служби ќе спроведе уште едно вонредно прскање против комарци во вторник, за што благовремено ќе информираме, пред сè поради пчеларите кои треба да преземат мерки за заштита на пчелите – информираат градските власти.

Од Градот напоменуваат дека се прска со најдобриот светски препарат, производство на „Бајер“ од Германија, а прскањето и растворањето на средството се врши во согласност со упатството на производителот, а под надзор на комуналните служби на Градот.

Доктори од Институтот за јавно здравје објаснуваат дека првото прскање треба да биде во март, кога комарците се ларви, а во јули е терминот кога треба да биде третото прскање.

Дерматолозите велат дека и нечистотијата во градот придонесува комарците со убодот во кожата да ни внесат, покрај нивниот секрет, и различни хемикалии, пестициди и вируси кои ги предизвикуваат реакциите на кожата кои единствено можат да се смират со разни медицински креми за мачкање и терапија.

Тие препорачуваат навечер кога комарците напаѓаат, да се носи тенка облека со долги ракави и долги панталони, а и редовно да се користат средства кои ги одбиваат комарците.

Биологот Барт Кнолс објаснува дека комарците ги привлекува човечкиот здив, поточно јагленохидратите кои ги издишуваме се во комбинација со различни хемикалии, кои создаваат мирис што комарците можат да го осетат и на оддалеченост од 30 метри. Биологот тврди дека секоја личност испушта повеќе од 300 различни хемикалии од кожата, од кои 100 се наоѓаат во здивот.

Мирисот на кожата е уште еден важен фактор по кој се водат комарците дали ќе цицаат нечија крв или не. Така на пример, жолтите и тигрести комарци привлекуваат млечна киселина, додека обичниот комарец е наклонет кон мрсната киселина.

Јапонски научници од друга страна уверуваат дека крвната група е пресудна за комарци. Па така, луѓето со 0 крвна група се посклони на убоди од комарци од крвните групи Б или АБ. А најмала веројатност за убоди од комарци имале луѓето со крвна група А.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This