Koнcтитyиpaн нoвиoт Coвeт нa oпштинa Илиндeн – Верче Мицевска нов претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На свечена седница што се одржа во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“ денес беа верификувани мандатите на 15-те нови советници, со што беше конституиран новиот Совет на општина Илинден.

Седницата ја отвори досегашниот претседател на Советот, а сега градоначалник на општина Илинден, Александар Георгиевски, а потоа до изборот на новиот претседател со седницата раководеше најстариот по години член на Советот, Миле Стојановски.

За прв пат од постоењето на општина Илинден за претседател на Советот беше избрана жена. Советниците едногласно решија нов претседател на Советот на општина Илинден во наредните четири години да биде Верче Мицевска.

Заблагодарувајќи им се на советниците за укажаната доверба, Мицевска истакна дека за неа ова претставува особена чест, но и огромна одговорност пред граѓаните.

Градоначалникот Александар Георгиевски им го честиташе мандатот на новоизбраните советници, посакувајќи им успешна и плодна работа во интерес на жителите на општина Илинден.

Мнозинството во овој состав на Советот го има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 9 советници, СДСМ со коалиционите партнери има тројца советници, Група избирачи Трајче Илиевски има два советника и Левица доби еден советник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This