Kocoво бapa излeз на море, преку Цpнa Гopa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косово преку Црна Гора бара излез на море. Поточно, пат преку заливот Каменово на Будванската ривијера околу која Приштина веќе подолго од една деценија безуспешно води спор за да докаже дека некогашното одморалиште изградено на плажата е сопственост на „граѓаните на Косово. Поднесена е и жалба до Апелациониот суд на Црна Гора, но и тужба до Меѓународниот суд во Стразбур.

Иако од Приштина до Драч во Албанија по новиот автопат до Јадранот може да се пристигне за четири часа, Приштина не отстапува од, како што велат – своето парче од црногорскиот брег.

Косовската агенција за приватизација, имено, тврди дека 33 илјади квадрати земјиште на плажата Каменово, една од најубавите не само во Црна Гора, на кое се наоѓало косовското синдикално одморалиште, било имот на државното претпријатие ДП „Рекреатурс“ од Приштина. Во текот на 1999. година, четворица вработени во тоа претпријатие од српска националност, како што наведуваат од Агенцијата, благодарени на документацијата која ја поседувале, го пререгистрирале ДП „Рекреатурс“ од Приштина во ДП „Рекреатурс“ Будва и целиот имот го вкнижиле на будванското претпријатие.

Бидејќи Основниот суд во Котор ја одби тужбата на косовската Агенција за приватизација, таа поднесе жалба до Апелациониот суд, за која правните експерти велат дека е неоснована и судот треба да ја отфрли веднаш.

Тужба е поднесена и до Меѓународниот суд во Стразбур.

Како што сега стојат работите, Приштина и Подгорица околу Каменово уште ќе тераат, но со мали шанси Косово преку Црна Гора да добие излез на море. Особено што Каменово го бараат и мештаните, тврдејќи дека никогаш не им е исплатена надохнада за експропријација на земјиштето, односно дека речиси половина од земјата им е одземена и на истата е изградено одморалиштето, поради што повеќе од една деценија водат судска борба за враќање на дедовината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This