Kopoнавируcoт ја пokocи Русија: Пeckoв порача дека државата се подготвува за нajлошото…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата со коронавирусот во Русија генерално е загрижувачка, но е под контрола – државата се подготвува за најлошото, а се надева на најдоброто, порача портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Епидемијата се развива, и натаму трае, ситуацијата е навистина тензична, но е под контрола. Претходно преземените мерки за мобилизација на здравствениот систем, како на федерално, така и на регионално ниво, овозможува ситуацијата да се држи под контрола“, изјави Песков.

Според неговите зборови, не можат да се дадат точни прогнози „од очигледни причини“.

„Ние секогаш се надеваме на најдоброто, но се подготвуваме за најлошото. Тоа е стандарден модел на однесување“, изјави портпаролот на рускиот претседател и додаде дека во една ваква ситуација треба да се продолжи со „систематска мобилизација на здравството“.

Главниот пулмолог на Министерството за здравство на Русија, Сергеј Авдејев изјави дека 30-40% од тестовите на коронавирусот би можеле да дадат лажен резултат. Според неговите зборови, проблемот не е во самите тестови, туку со исправноста во земањето на материјали за анализа.

Во Русија денес беа регистрирани 19,404 нови случаи на коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This