KOPOHA НА ДРЖАВНА КЛИНИКА: Лaжнa вест за пaциeнт зaбoлeн од kopoнa на Државна Kлиниka – еве што се случувало

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема заболен од корона вирусот на Клиника, вели министерот за здравство Венко Филипче откако на социјалните мрежи се појави лажна вест за наводен пациент кој бил обезбедуван од ЕБР

„ЕБР ја затвори државна клиника поради пациент заболен со корона вирус“ – беше насловот кој ги вознемири граѓаните вечерва, откако на социјалните мрежи кружеше ваква лажна вест.

Реагираше министерот Венко Филипче кој најостро ја демантираше оваа „вест“.

„На социјалните мрежи почнала да се шири лажна вест за идентификуван заболен од коронавирус во Скопје. Остро ја демантираме таа вест, во државава нема ниту еден случај на заболен од коронавирус. Бидете одговорни и не ширете лаги и паника во врска со коронавирус“, апелира Филипче.

Според изворите на „Вечер.мк“ специјалците ја обезбедувале Државната болница поради транспорт на затвореник од висок ризик, односно, еден од терористите од Диво Насеље.

– Лажна вест е дека е донесен човек со корона вирус. ЕБР носеше затвореник од висок ризик на преглед. Под полна опрема беа, маски, борни коли, снајпери со инфрацрвени нишани, велат од Клиничкиот центар за Вечер.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This