Kpajoт на Западната цивилизација: Лекapите прво ќе ги спacyваат вakцинираните во Тексас?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку во Северен Тексас почне да снемува кревети на интензивна нега, лекарите можеби ќе треба да го земат предвид статусот на вакцинација против коронавирус како фактор во одлучувањето кој прв ќе биде згрижен, објави Форбс.

Веста доаѓа во време кога повеќето американски држави на југот, особено оние со пониско ниво на вакцинација, бележат нагло зголемување на бројот на новозаразени и хоспитализирани. Во некои од нив, нема повеќе слободни кревети во единиците за интензивна нега, поради што се одложуваат многу медицински процедури поврзани со ковид-19. Капацитетите на некои болници надминаа 100%, па пациентите се сместени во кревети во ходниците.

Сѐ повеќе е веројатно дека ќе мора прво да ги спасат вакцинираните

Здравствените власти се надеваат дека ќе избегнат ситуација кога треба да им дадат приоритет на вакцинираните, но Форбс известува дека постои загриженост дека тоа станува поверојатно.

Логиката според која се водат лекарите е претпоставката дека вакцинираните луѓе почесто преживуваат, што значи дека со давањето приоритет за нив ќе спасат повеќе животи.

На лекарите во областа Далас веќе им е кажано дека статусот на вакцинација против ковид-19 може да се користи како тријажа. Тријажа (од францускиот триер, да се класифицира) е термин што се користи како формална процедура со која болните или ранетите се класифицираат според итноста на грижата и веројатноста за преживување.

Невакцинираните пациенти со ковид имаат полоши резултати од третманот

Членовите на работната група за развој на насоки за масовна критична нега во Северен Тексас одржаа состанок минатата недела поради влошената кризата со коронавирусот во оваа област и разговараа за можноста дека лекарите можеби ќе треба да го користат статусот на вакцинација против ковид-19 за да дадат приоритет на грижата во екстремни случаи.

Портпаролот на работната група за Форбс рече дека лекарите на состанокот забележале дека невакцинираните пациенти со ковид имаат полоши последици, што доведе до тоа на членовите на групата да им се испрати внатрешно писмо во кое им се даваат упатства на лекарите од Далас за тоа како да се земе предвид статусот на вакцинација, одлучувајќи за кој прво да се погрижат.

Писмото протече до „The Dallas Morning News“, медиумската куќа која првпат ја објави веста во четвртокот.

Тоа нема да биде ексклузивен критериум

Д-р Марк Казанова, портпаролот на работната група, објасни за Форбс дека други фактори, како што се основните здравствени состојби, ќе се земат предвид во ситуации кога на пациентите треба да им се даде приоритет во грижата и дека статусот на невакцинација нема да се користи како критериум за исклучување.

Но, ако сите работи се исти кај двајца пациенти со ковид-19, а за вакцинираните се претпоставува дека имаат поголема веројатност да преживеат, што значи дека тие прво ќе добијат грижа, објасни Казанова.

– Нашата ситуација е лоша и ако бројките продолжат да се движат во насоката во која одат, постои реална можност насоките за тријажа да треба да се користат – рече Казанова.

Останаа само 80 легла за интензивна нега во областа Далас

Според Одделот за државни здравствени услуги на Тексас во областа Далас, остануваат само 80 кревети во единиците за интензивна нега, а бројот на жители за кои се грижат болниците е околу 8,1 милиони.

Во Тексас, бројот на нови случаи на инфекција и хоспитализација е во пораст, без знаци на забавување. Во средата во Тексас беа хоспитализирани 12.402 пациенти со ковид-19, близу до бројката од околу 14.000 регистрирани во екот на пандемијата во јануари. Тексас е една од неколкуте јужни држави каде што варијантата делта предизвика неконтролирано зголемување на бројот на случаи со ковид-19, што доведе до катастрофално влијание врз здравствените системи.

Во Мисисипи, здравствените власти одлучија да отворат теренска болница во гаража за да ги отстранат пречките за спроведување на редовни процедури, додека Алабама во моментов има повеќе пациенти на кои им е потребна интензивна нега отколку бројот на доделени кревети за интензивна нега во државата. Во средата попладне, службениците во Мобиле во Алабама, која има скоро 200.000 жители, одлучија амбулантните возила повеќе да не можат да ги пренесуваат луѓето во болницата бидејќи амбулантните возила се преполни со пациенти со ковид-19.

Користењето на тријажа за утврдувањето на кого да му се даде прироритет во обезбедувањето на грижа беше тежок чекор што италијанските лекари беа принудени да го преземат во раните денови на пандемијата, кога здравствените системи беа преоптоварени со заболени.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This