Mицeвcки: Teвдовски кoj вeлeшe дека ќе вpaти 600.000 млади во државава, се иceли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска на собраниската комисија за финансирање и буџет пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски го спомена поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски.

Тој додаде дека министерот Тевдовски, кој велел дека ќе ги врати 600.000 млади во државава, се иселил.

–Да потсетам, прв министер беше Драган Тевдовски којшто влезе толку оптимистички за враќање на средната класа, за воведување на прогресивниот данок, и за укинување на рамниот данок со којшто че ја враќаше средната класа во Македонија. Средната класа е доволно свесна што се владата на СДСМ-ДУИ направи за нив, и доволно свесна дека по само помалку од една година од воведувањето на прогресивниот данок без некоја јавна дебата, без поголема јавна или експертска анализа на сето тоа, го стави во мирување данокот до 2023 година и прогласи капитулација на главната мерка. На тој начин заврши нашиот прв и почитуван министер, сега гледаме дека работи во странство. Тој што ќе враќаше 600.000 млади македонски граѓани на работа во државава, им се приклучи во нивната работа, посочи Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This