Mицkockи за 27.aпpил: Ќe има peвизиja на cитe пoлитичkи диkтиpaни пpecyди по пaдoт на 3aeв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме заробено обвинителство каде се диктираат обвиненија, и тоа не само за 27.април туку и за други обвиненија кои што служат за политички прогон – вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше вчерашната одлука на Апелациониот суд во Скопје да ја потврди затворската казна за учесниците во 27.април, односно да ја намали за само една година.

Мицкоски најави ревизија на судските процеси по промената на власта, но не на начин на кој тоа сега го прави СДСМ, туку таквата ревизија би ја правеле колеги на „заробените обвинители и судии“ како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Имаме судство кое функционира по диктат, односно, како владетелот – во случајот Зоран Заев и СДСМ ќе им издиктираат такви пресуди се носат. Ако сето ова го сумираме и го анализираме, тогаш доаѓаме до заклучокот дека сме хибриден режим, заклучува Мицкоски.

– Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира и врз основа на таа ревизија, која што ќе ја прават колеги судии и обвинители но кои што биле чесни и не потклекнале на диктатите и нарачките на Зоран Заев и оваа власт ќе бидат практично предмет на постапка. Сите оние судии кои ги прифатиле овие диктати и судски нарачани пресуди ќе бидат соодветно, согласно законите и Уставот санкционирани – констатира Христијан Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This