Mнoгy лaжaт, мнoгy…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Груевски вечерва објави фб пост во форма на анализа за претстојниот попис со укажување на ризиците и апел партиите заради државен и национален интерес да најдат заеднички јазик со цел пописот да биде успешен , фер и законски.
Тој во пообемната анализа на претстојниот попис јасно потенцираше дека не подржува и никогаш не подржувал бојкот а во дел од текстот дури и го нарекува “нерационален”, но тоа не му пречеше на СДСМ 10 минути по објавата на постот на Груевски да излезе со соопштение дека Груевски е нарачател на бојкотот, а Мицковски извршител.

Интересен е начинот на пропаганда со измислени невистини на владејачката СДСМ која со помош на блиските до нив медиуми и со илјада пати повторена невистина ја прават како да е вистина.

Прочитајте што е ставот за бојкотот на Груевски а што потоа вели СДСМ и заклучите сами.

Груевски: Јас никогаш не сум бил поддржувач на бојкот во политиката, што низ одлуките во клучни моменти и сум го демонстрирал. Бојкотот не ги решава проблемите, често и ги продлабочува и политиката е борба во натпревар а не за бојкот. Но, доколку во овој случај немањето политички договор и консензус на Законот за попис предизвика преголема фрустрација, можно е дел од граѓаните помасовно да преминат кон тоа, дури и кога е нерационално во однос на исходот.

СДСМ: Ставовите на Никола Груевски потврдуваат дека зад бојкотот и саботажата на пописот стои тој Груевски додека Христијан Мицкоски е само негов извршител, обвинуваат од СДСМ.
– Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е раководена од Будимпешта, а Мицкоски е само чувар на фотелјата во белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкоски сè уште е во режимската матрица, сè уште работи против интересите на граѓаните и на државата, се вели во дописот на владеачката партија.

Попис во Македонија и потребата од заедничка соработка на партиите заради државен и национален интересВо својство на…

Posted by Nikola Gruevski on Tuesday, January 26, 2021

А.Митовски

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This