MУДРОСТА НА ОВАА ЖЕНА ЌЕ ВЕ ОCBЕCТИ: “Сè повеќе читам книги, а сè помалку бришам прашина”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една старица ѝ напишала писмо на својата пријателка – овие зборови мора да ги прочитате:

“Драга моја,

Сè повеќе читам, а сè помалку бришам прашина. Седам во дворот и уживам во погледот без грижа за плевелот во градината. Сето време го поминувам со семејството и пријателите, а сè помалку во работата.

Животот мора да се живее, а не да се издржува. Сега пробувам да ги сфатам овие точки и да ги ценам.

Ништо повеќе не чувам: го користам мојот добар порцелан, кристалните чаши секојдевно. Го носам својот “џемпер за во град” кога одам и на пазар или до продавница. Се прскам со оние стари парфеми кои цел живот ги чував. Повеќе не ме интересира дали сум добила некој килограм вишок или дали мијалникот во домот ми е чист”.

Зборовите “еден ден” повеќе не постојат во мојот речник. Ако нешто вреди да се слушне или направи, се трудам тоа да го слушнам или направам – веднаш!

Не сум сигурна што другите би правеле доколку би знаеле дека утре нема да бидат тука, бидејќи тоа сите го земаме здраво за готово. Мислам дека тогаш би им се јавиле на членовите на семејството или блиските пријатели. Можеби ќе им се јават и на оние поранешни пријатели да им се извинат, да ја обноват врската…

Сакам да мислам дека би отишле некаде на палачинки или на некоја друга омилена храна и би уживале.

Мислам дека никогаш нема да го знам тоа. Ова не се ситници и би се налутила доколку моето време истече, а притоа не сум направила сè што сакам или сум си ускратувала нешта.

Би била бесна што никогаш не сум им се јавила на некои луѓе, мислејќи дека има време. Би била лута што не сум им кажувала доволно на моите родители, деца и сопруг колку ги сакам.

Драга моја, овие денови со сета сила се трудам да не одложувам било што што може да ми изнуди насмевка на лицето и сјај во животот. Секој ден е посебен. Секоја минута, секој здив е подарок.

Животот не може да биде постојана забава, но додека сме тука, можеме да танцуваме!”, гласи писмото на мудрата старица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This