Maкедонците во Швajцарија на пpoтecт: Бapaaт пpeкин на договopите со Бугapија и Гpциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во организација на Македонскиот национален совет во Швајцарија, денеска (23 ноември 2020 година – понеделник) од 15 до 16.30 часот, на плоштадот Казино во Берн (Casinoplatz, Bern), ќе се одржи мирен протест за крај на преговорите за промена на идентитетот на Македонскиот народ!

“Понижувањата, продавањето и негирањето на македонските национални вредности, од страна на соседите на Македонија, продолжува и во 21 век. Сојузник во велепредавството е марионетската Влада на државата Македонија! Македонците во борбата за своите права и слободи секогаш се бореле со достоинство и во Македонија и во светот. Македонците во Швајцарија со горчина и гнев ги отфрлаат сите договори склучени со соседите, од насилно инсталираната марионетска Влада на Македонија. Бараме крај на преговорите со Бугарија и Грција за ревизија на македонската историја, отфрламе нова политичка историја на Македонците и Македонија! Бараме итно и безусловно раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година! Бараме продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации на државата Македонија под нејзиното единствено историско име кое се состои само од еден и единствен збор – зборот Македонија!”, се вели во јавниот проглас на Македонскиот национален совет во Швајцарија.

Македонскиот национален совет во Швајцарија ги повикува Македонците да се приклучат во отпорот против власта за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

“Нека чуе светот дека името на нашата држава било, е и ќе остане Македонија! Нека чуе светот дека сме биле, сме и ќе останеме Македонци! Нека чуе светот дека наш јазик бил, е и ќе биде само Македонскиот јазик!”, се вели на крајот од прогласот на Македонскиот национален совет во Швајцарија.

Македонскиот национален совет во Швајцарија ги повикува Македонците во Швајцарија на мирниот протест на 23 ноември 2020 година на Casinplatz, Bern од 15 од 16.30 часот! Добредојдени сте! Никогаш северна, само Македонија, пишува во поканата за протестот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This