Macoвнo тpyeњe нa Косово – дaли вoдaтa e винoвнa зa 1.500 зaтpyeни лицa вo Дeчaни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прогласена е вонредна состојба во општина Дечани на Косово поради масовно труење на граѓани. Скоро 1.500 граѓани побараа помош во изминатите три дена поради сомневања за труење со вода, информира Ал Џазира.

Истрагата за случајот ја презеде Обвинителството во Пеќ.

Медиумите од Косово објавија дека се евидентирани два смртни случаи, што ги негираше министерот за здравство на Косово, тврдејќи дека овие случаи не се поврзани со труење.

Директорот на Националниот институт за јавно здравје на Косово, Насер Рамадани, рече дека претходните лабораториски испитувања не укажуваат на тоа дека граѓаните биле затруени со вода, но наведува дека се прават постојани анализи.

– Лабораториските резултати што излегоа денес покажуваат дека немаме траги од труење со вода. Тоа не значи дека не постои можност за хидрични инфекции, но ќе продолжиме со постојана анализа на тестови за вода и пациенти “, рече Рамадани.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека владата „ги презеде сите мерки“ за да му ги обезбеди на Центарот за семејна медицина во Дечани сите потребни лекови за лекување на пациенти хоспитализирани за труење, чија причина засега не е позната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This