MITSUBISHI НAДМИНA 50.000 ПPOДAЖБИ НА ГEРМAНCКИOТ ПAЗAР: Дocтигнaл 50.000 пpoдaжби на пaзaрoт две нeдeли пoрaнo oткoлкy лaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемиот пазар за автомобили во Европа им носи и големи бројки на производителите. Mitsubishi годинава достигнал 50.000 продажби на германскиот пазар две недели порано отколку лани. Јапонската марка шест години е во раст на тамошниот пазар. Свежо е пристигнат пикапот L200, кој веќе е во продажба и кај нас.

Mitsubishi годинава ја надмина бројката од 50.000 продадени возила веќе на 26-ти ноември, односно две недели порано отколку лани. Се очекува уште една рекордна година, веќе шеста во континуитет.

Марката постигна одлични резултати на германскиот пазар лани, со вкупно 52.196 возила, но продажбата продолжува да напредува и годинава. Пазарниот удел на Mitsubishi на тамошниот пазар изнесува 1,5 процент, што го вбројува меѓу најпродаваните три јапонски марки. Во сегментот на плагин-хибридите, Mitsubishi е неприкосновен лидер со Outlander Plug-in Hybrid, како во Германија, така и во Европа.

Германските возачки и возачи најмногу се решаваат за Space Star, кој сочинува околу 38 проценти од продажбата годинава. Освеженото моделско годиште на наследникот на Colt ќе има премиера на 28-ми ноември, во Тајланд. Водечката тројка ја комплетираат кросоверот Eclipse Cross и класичарот ASX.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This