Moнcтpyм од Крит зaвpши зaд peшeтки: Дoживoтeн зaтвop зa 28-гoдишнo мoмчe зa cилyвaњe и y6иcтвo нa aмepикaнcкa нayчничкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот суд одреди доживотен затвор за 28 годишно момче за силување и убиство на американската научничка Сузан Итон (59) која лани учестуваше на научна конференција на островот Крит.

Итон исчезна на 2 јули во близина на пристанишното гратче Кани, а нејзиното бесживотно тело беше пронајдено по шест дена во напуштено подземно складиште што се користело во Втората светска војна. Нејзините роднини за време на истрагата рекоа дека била нападната додека се шетала.

Итон е родена во Њујорк, но живееше во германскиот град Дрезден каде работеше во Институтот за молекуларна биологија и генетика „Макс Планк“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This