NETFLIX И TINDER: Најпрофитабилни апликации во последните десет години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Платформата за стримување и апликацијата за запознавање се нашле на првото и второто место на листата според потрошувачката од 2010-та до 2019-та година, а која ја објавила аналитичката фирма „App Annie“.

Со други зборови, луѓето во последните 10 години потрошиле повеќе пари на Netflix и Tinder отколку на било која друга апликација.

Работниот модел на Netflix отсекогаш се поткрепувал на претплатниците за да заработи поголем број приходи поради што станал еден од најуспешните стриминг сервиси на светот.

На второто место се наоѓа „Tinder“ со оглед на тоа што вовеле наплаќање на некои опции дури од 2015-та година.

На листата се нашле и стриминг сервисите како Pandora Music и Tencent Video и сервисите iQIYI, Spotify, YouTube, HBO Now како и кинеската платформа за споделување видеа Kwai и јапонската апликација за допишување Line.

Од „App Annie“ објавиле и попис на 10 апликации кои најмногу биле преземани, а на неа на првите три места се Facebook, Facebook Messenger i WhatsApp.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This