April 27, 2024, 10:08 am

OГРOМНИ ПPИДOБИBКИ: Врeмeто штo го пoминyвaмe сaми е како лек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат бројни придобивки од моментите поминати сами во тишина. Додека никој не ве гледа можете да ги слушате внатрешните дијалози, да јадете зачинета храна без да се грижите за мислењата на другите луѓе.

Можете да работите во пижами, без одвраќање, емоционални и когнитивни cтpecoви. Дури и луѓето што се екстроверти понекогаш уживаат во моментите на ocaменocтa, правејќи го она што го сакаат.

-Предизвикува радост
Постојат научни истражувања кои покажуваат дека во моментите што ги поминуваме сами, всушност го наоѓаме мирот што ни треба. Ocaмeностa ни помага да го олесниме занесот, но и да ги надминеме лoшитe периоди.

Покрај тоа, доколку ова е наш избор, самотијата може да нè опушти и да ни го намали притисокот. Моментите кога ги слушаме нашите потреби го зголемуваат чувството на среќа и задоволство.

-Нè прави подобри пријатели
Никој не треба да им биде на располагање на луѓето 24 часа, 7 дена во неделата. Кога ќе ги наполниме батериите ќе можеме подобро да се поврземе со другите. Повремената изoлaцијa влијае на подобар социјален живот.

Со други зборови, ако сакаме да поминеме квалитетно време со пријателите, треба да не се гледаме секојдневно.

-Ни помага да поставиме јасни граници
Веројатно ви се случило да влезете во врски кои едноставно не ги задоволувале вашите потреби, само за да избегнете ocaмeноcт. Штом ќе научите како да го прифатите времето поминато сами со себе, ќе ви се отвори простор за да ја негувате вистинската љубов.

-Отвора простор за правење цели
Времето во тишина ви дава можност да ги исполните вашите големи соништа, да дојдете до идеи и да преземете мали чекори во таа насока.

-Ни помага да се опуштиме и да уживаме во тишината
Кога сме сами со себе, ослободени од обврски, сами управуваме со нашето време и простор. Запомнете дека прво треба да бидете сами, и ако е можно, понекогаш да го исклучите телефонот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This