Oд нaдeжeн миниcтep, личeн пpиjaтeл нa Заев, пa ce дo нeгoв пapтиcки пoлтpoн – Филипчe нoв зaмeник пoтпpeтceдaтeл нa СДСМ??

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извори блиски до kurir.mk откриваат дека денеска на 26 Конгрес на владејачката СДСМ за нов заменик претседател ќе биде избран министерот за здравство Венко Филипче.

На ова место Филипче доаѓа откако наводно министерката за одбрана Радмила Шеќеринска пред скоро еден месец се повлече од функцијата, изјавувајќи дека на политичката сцена и на СДСМ им е потребно продуцирање на нови кадри.

Но, нивниот близок извор брифира дека незадоволството во СДСМ се зголемуваат откако претседателот Зоран Заев почнал да го фаворизира Филипче како свој близок човек.

Несогласувањата во СДСМ растат бидејќи како што вели изворот не се согласуваат министерот за здравство Филипче да биде поставен на ваква висока партиска функција бидејќи не бил човек од партијата.

Тензичната атмосфера се влошува, откако медиумите споменаа неколку имиња сите се разочаравме околу информацијата за поставување на Венко Филипче за нов заменик претседател на СДСМ. Која е неговата заслуга во партијата, зошто од вчерашен советник на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, денес ќе го избираме за нов заменик претседател на никој не му е јасно. Разочарувањата навистина се големи, има многу позаслужни стари членови кои ги знаат политиките на СДСМ и биле во СДСМ и во време на опозиција кога било најтешко, но и сега, вели изворот.

Претседателот Зоран Заев не може сам да ги креира политиките во СДСМ, недозволиво е високите партиски функционери да се бираат врз основа на лично познанство и пријателство, сепак имаме ние високи партиски органи на кои мора да ги дискутираме идните чекори на партијата, од организација па се до тоа како ќе делува. Партијата стана човек партија и далеку е од она што се обидуваат да го претстават во јавноста како демократска партија, додава изворот.

Дали ќе се потврдат шпекулациите останува да видиме до самиот почеток на 26тиот Конгрес на СДСМ, а како што вели изворот се прават последните калкулации околу имињата.

Медиумите пак пренесуваат дека покрај министерот Филипче, грбот на Заев ќе го чуваат и уште двајца негови заменици а како можни имиња се спомнуваат директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и универзитетските професорки Беса Арифи и Гордана Лажетиќ Бужаровска.

Со овие шпекулации се отвора прашањето дали некои од досегашните потпретседатели Мила Царовска, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, и Коста Петров ќе успее да ја задржи оваа висока функција.

Конгресот на СДСМ ќе започне во 13 часот, но дали новите имиња ќе успеат да ги смират превирањата и несогласувањата околу менаџирањето со партијата, а членството ќе го прифати Филипче за нов заменик потпретседател на СДСМ, останува да чекаме.

Но, за сега само едно е јасно, а тоа е дека со возење на мотор, летање со хеликоптер со претседателот Зоран Заев најмалку што можеш да станеш е потпретседател на политичка парија, како во случајот Венко Филипче, кој од надежен министер во здравството, до омразена личност поради лошото менаџирање на здравствената криза станува нов партиски полтрон на претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Извор: kurir.mk

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This