Oд 31 jyли нeмa дa paбoти бyгapcкaтa кoмпaниja кoja вakциниpa нa гpaницaтa co Мaкeдoниja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По месец и половина откако почна вакцинација на македонски граѓани на бугарско-македонската граница, бугарската компанија „Комак медикал“, од 31 јули ја прекинува работата, потврдува за дописникот на МИА од Софија сопственикот на фирмата и лекар, Милен Врабевски.

Причина за одлуката, според Врабевски, е тоа што Македонија обезбедила вакцини за граѓаните во различни градови во земјата.

Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работеа во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново село, во меѓудржавниот простор и на жителите на Македонија кои сакаа да се вакцинираат не им беа барани ПЦР тестови за влез во Бугарија.

Врабевски информира дека досега 3.200 граѓани на Македонија биле вакцинирани од страна на „Комак медикал“ и ним им биле издавани сертификати за вакцинација.

Сите што се вакцинирале со една доза, ќе можат да ја примат втората до 31 јули.

Врабевски, за дописникот на МИА од Софија, вели дека вакцините што беа ветени од бугарскиот претседател Румен Радев за Македонија, се уште не се доставени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This