Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во изјава за ТВ21 за емисијата „10МИНУТИ“ вели дека денешната одлука на Бугарија во Брисел може различно да се протолкува.
Османи кажа дека некој може да ја протолкува како вето, а некој како потреба од дополнително време за наоѓање на заедничко решение.
„Според нашите сознанија, одлуката требаше да се одржи на 10 ноември, а сега е преместена за една недела. Некој ова може да го протолкува како вето, а некој како потреба на дополнително време од една недела за наоѓање некаков компромис“, рече Османи.
Целото интервју со министерот за надворешни работи, гледајте го во „10МИНУТИ“ на ТВ21 во 19:10 часот.