Paзбиeнa бaлкaнcкa kpиминaлнa мpeжa – пpивeдeни 38 лицa вo чeтиpи дpжaви, зaплeнeтo знaчитeлнo кoличecтвo нapкoтици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанските и албанските полициски сили и правосудните органи, вчера спроведоа заедничка операција под кодното име „Душа“, во која се уапсени 38 лица за корупција, злоупотреба на службената положба, перење пари и меѓународна трговија, а запленето е и значително количество наркотици.

Апсењата се извршени во Албанија, Црна Гора, Шпанија и во Италија, по наредба и соработка на албанското специјално обвинителство (СПАК), италијанската антимафија, полициската канцеларија за координација во Тирана, албанската полиција и Еурјуст, пренесува Ора њуз.

Меѓу уапсените во Албанија се и М.С., обвинител во Валона, О.Л., началник на Секторот за сообраќај во генералниот директорат на полицијата, и Ф.Л., поранешен заменик-командир на полицијата во Фиер.

Акцијата следува по истражните дејства во рамките на акциите „Шеф“ и „Покрив“, реализирани во 2018 и 2020 година, од страна на италијанската дирекција за борба против мафијата во Бари.

Во истрагата за акцијата „Душа“ многу помогнале изјавите на четворица претходно уапсени, кои се согласиле да соработуваат.

Детали за акцијата ќе бидат изнесени на прес-конференција, на која се очекува да учествуваат високи претставници на полициите на Албанија и на Италија и на СПАК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This