Paкoвитe нeзaдoвoлни oд бpaчниoт пapтнep, Лавовите ги oчeкyвaaт пpoблeми нa paбoтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Работа: Заинтересирани сте за воспоставување соработка со странците. Чекате нивен одговор за вашиот предлог.

Љубов: Врската се развива на задоволувачки начин. Јасно ви е дека другата страна се повеќе се опушта и се отвора.

Здравје: Солидно здравје.

БИК

Работа: Правите проект кој делува недефинирано и на кој му недостасуваат детали.

Љубов: Емоциите ви проработиле и заинтересирани сте за влез во врска. Проблем е што имате конкуренција, а не сте свесни поради тоа.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Работата не се одвива онака како што сте планирале. Проблемите наметнуваат нови решенија што значи дека излегувате од планираниот курс.

Љубов: Со симпатијата сте во редовен контакт. И натаму не сте подготвени отворено да ги покажете емоциите.

Здравје: Урогениталниот тракт е чувствителен.

РАК

Работа: Ви пречи „гужвата“ во која сте влегле на работа. Од таа причина менувате се: плановите, системот на работа.

Љубов: Емотивно сте незадоволни поради односот на брачниот партнер. Имате впечаток дека веќе не го интересирате.

Здравје: Нестабилен притисок.

ЛАВ

Работа: Ве очекуваат многу проблеми на работа кои нема да успеете да ги решите. Имате впечаток дека кога ќе решите еден проблем, се појавуваат два нови.

Љубов: Брачниот партнер ви пружа љубов и поддршка која ви е неопходна.

Здравје: Реума ве мачи.

ДЕВИЦА

Работа: Комуникацијата ви е силна страна. Успешно ги завршувате преговорите и потпишувате спогодба.

Љубов: Потребно е да бидете сами. Емотивниот сегмент не ве интересира.

Здравје: Можни болки во коските.

ВАГА

Работа: Во фаза сте на креативност. Правите нови планови. Поради тоа и натаму не се искристализирани, и затоа не ги покажувате на колегите.

Љубов: Односот со брачниот партнер е задоволителен.

Здравје: Внимавајте на дишните органи.

ШКОРПИЈА

Работа: Работата е во застој. Единствена област во која сте задоволни е соработката со странските партнери.

Љубов: Имате редовна комуникација со симпатијата. И натаму не ја споменувате врската.

Здравје: Црниот дроб е чувствителен.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Работата нормално се одвива без никакви тешкотии и стресови. Во фаза сте на организирање на приватен бизнис, кој го држите во тајност.

Љубов: Ве очекува ново познанство. Другата страна ве воодушевува со смислата за хумор.

Здравје: Гениталиите се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Работа: Максимално сте фокусирани на работните обврски. Брзо мислите, одлуките ги носите без никакво одложување.

Љубов: Во мислите ви е тајна симпатија. И натаму не сте донеле одлука за влез во врска.

Здравје: Солидно здравје.

ВОДОЛИЈА

Работа: Полни сте со позитивна енергија и ентузијазам. Својата сила ја насочувате кон обврските и ги решавате во краток временски период.

Љубов: Брачниот партнер и натаму буди љубов и страст во вас.

Здравје: Стабилно здравје.

РИБИ

Работа: Имате прагматичен и одговорен пристап кон обврските. Самоуверено идете кон работната цел.

Љубов: Уживате во блискоста со брачниот партнер. Неговата поддршка многу ви значи. Тој слично мисли за вас.

Здравје: Се чувствувате добро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This