Pacчиcтeни чeтиpи тeшkи kpaжби: Пpивeдeн kpaдeц oд cкoпcкo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 23.11.2020 во 10.50 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на место викано Дрма, атар на с.Мралино, го лишиле од слобода Ф.А.(37) од с.Јурумлери, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба извршена во викенд куќа. Кај Ф.А., кој првично се претставил како косовски државјанин М.А., биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои биле вратени на оштетениот. По преземни мерки и активности утврден е идентитетот на пријавениот и расчистени се вкупно четири кривични дела тешки кражби извршени во викенд куќи на подрачјето на Петровец.

Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This