Pacчиcтeни 24 kpивични дeлa, kpивичнa пpиjaвa зa изmamникoт и пoмaгaтeлoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 44-годишниот тетовчанец Р.М.(44) од Тетово, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама”, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик и против С.Ш.(45) од с.Копаница, скопско, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „помагање” предвидено и казниво по член 24 во врска со член 247 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и расчисти 24 измами.

Имено, првопријавениот Р.М., во периодот од ноември минатата година до втората половина на јануари годинава, претставувајќи се како бизнисмен од Турција, со приказни за наводно случени сообраќајни несреќи, телефонски измамил повеќе лица вработени во фирми од Бугарија, Србија, Албанија и Косово.

Пласирајќи им лажни приказни дека нивни вработени, најчесто возачи, загинале или се тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за погреб или лекување, тој успеал да се стекне со противправна парична корист од околу 9000 евра. Парите преку филијали на извесна фирма ги подигнувал С.Ш. и потоа му ги давал на Р.М., а тој, пак, за услугата му плаќал од 50 до 100 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This