Премиерот Зоран Заев вчера во Берлин доби награда од фондацијата „Фридрих Еберт” за човекови права.Но, ако малку се пребара кој стои зад оваа организација излегува дека Заев самиот на себе си ја доделил наградата.Милан Живковиќ, еден од советниците на Заев, е директор на канцеларијата во Скопје на германската организација.
Живковиќ е актуелен советник на Заев од 60.000 денари. Тој го советува премиерот за труд и социјална политика.
За иронијата да биде поголема, Заев добива во Германија награда за човекови права на денот кога Бугарија стави вето на почетокот на преговорите и бара да се откажаме од основното човеково право на самоопределување. И тоа кога Германија е земја-претседавач со ЕУ.