Peткa кaвгa мeѓy Србија и Русија по дoгoвopoт пocрeдyвaн од САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постот на социјалните мрежи на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи очигледно го исмејува претседателот на Србија откако тој го потпиша договорот посредуван од САД меѓу Србија и Косово, и предизвика ретка караница меѓу традиционалните сојузници Москва и Белград.

Марија Захарова објави фотографија на која се гледа како Вучиќ седи наспроти американскиот претседател Доналд Трамп на неговата маса во Овалната канцеларија. Таа ова го објави заедно со друга фотографија, легендарната сцена од трилерот „Основен инстинкт“, на која Шерон Стоун е испрашувана од полицијата и седи со скрстени нозе на стол.

Если Вас позвали в БД, а стул поставили так, будто Вы на допросе, садитесь как на фото #2. Кем бы Вы ни были. Просто…

Posted by Maria Zakharova on Saturday, September 5, 2020

Захарова го исмеваше Вучиќ во коментар на објавата на Фејсбук, велејќи дека тој бил поканет во Белата куќа за да биде испрашуван.

„Ако ве поканат во Белата куќа, а столчето е поставено како за испрашување, вие седите како на втората слика, кој и да сте. Верувајте ми“, напиша Захарова.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и другите српски официјални лица реагираа жестоко.

„Потсвеста е чудо, секогаш со тоа најмногу за себе кажуваат. За себе кажува и Марија Захарова, и примитивизмот и простаклакот што таа ги покажа зборуваат за неа, но и за оние што ѝ ја дале работата. Таа нека си ја продолжи работата, жал ми е затоа што во Вашингтон ги штитев и нашите односи со Руската Федерација. И таму одбив да купам џип што е 2,5 пати поскап од рускиот. Луѓето не умеат да го ценат тоа што Србија е единствената земја што не воведе санкции кон Русија наметнати од ЕУ, дека Србија е воено неутрална или дека е единствената што изведува вежби со Русија, што работи на градење гасна инфраструктура, што директно купува оружје од нив на тлото на ЕУ. Јас да објаснувам нечиј примитивизам и простаклак“, рече Вучиќ за провладината Пинк телевизија.

Вучиќ ја искоментира и фотографијата на која седи на стол пред Доналд Трамп.

„Замислете, дојдов во Белата куќа, и тие ви велат – одете во Овалната соба, што е привилегија. За мене привилегија е договорот, што е тоа што им го нудиме на нашите луѓе… Луѓето ве примаат на пристоен начин, таму дошол комплетниот врв на САД, и вас ве внесуваат во билатерален разговор со Трамп. Трамп седи во висока фотелја, вам ви носат стол, имавме отворен разговор, дури и го бранев и нашиот однос со Кина“, рече Вучиќ.

Захарова попладнево се извини на социјалните мрежи, велејќи дека нејзиниот пост е погрешно протолкуван.

„Се извинувам, но мојот пост беше погрешно протолкуван! Единственото нешто што тој го содржеше беше отфрлање на арогантниот став од ′исклучителните’. Протоколните трикови станаа една од техниките што американските власти редовно ги применуваат за вештачки да создадат видливост на сопствената ексклузивност. И ова е неприфатливо“, дополни Захарова.

Марко Ѓуриќ, функционер од владејачката партија на Вучиќ, го бранеше претседателот на Твитер.

„Овој претседател не рече ниту еден лош збор против Русија, дури ни на тоа место (Белата куќа.) Претседателот чекаше час и пол за да биде примен од рускиот претседател и никогаш не побара специјално столче. Нема да ти дозволам да ја напаѓаш гордата Србија. Засрами се!“, напиша Ѓуриќ.

Иако формално бара членство во Европската Унија, Србија воспостави тесни политички, економски и воени врски со Русија и Кина.

Трамп во петокот објави дека Србија и Косово се согласиле да ги нормализираат економските врски како дел од разговорите со посредство на САД, кои вклучуваат преместување на израелската амбасада во Ерусалим од страна на Белград и меѓусебно признавање меѓу Израел и Косово.

Со договорот се повикува Србија да го распредели своето снабдување со енергија, кое сега е целосно во рацете на Русија – нешто што веројатно нема да биде одобрено од Москва.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This