PEKETИPAHИ СЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА: Николоски од Раштак открива дека pekeтирани се многу бизнисмени и собрани се преку 20 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сумата на изрекетирани пари изнесува повеќе од 20 милиони евра, а рекетирани се многу повеќе бизнисмени. Акцијата е смислена и координирана лично од Зоран Заев смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ АЛександар Николоски, кој денес присуствуваше на народната прослава на празникот Успение на Пресвета Богородица

Според него, политичарите се обидуваат да го заташкаат случајот и да се амнестираат од одговороност, а доколку јавноста не сведочеше за снимките на кои се гледаат торби полни со пари случајот воопшто немаше да се истражува

„Овој скандал ја поткопува Македонија. Никој веќе не сака да инвестира во Македонија. Бизнисмените се плашат затоа што им е страв дека некој моќник од власта пак ќе ги побара и ќе им побара мито, односно рекет“ – вели Николоски.

Речиси и да нема никаква разрешница за случајот кој бил пријавен уште на почетокот на мај, што според Николоски значи дека власта се обидува да го менаџира процесот за да го заташка.

„Оваа афера прв пат индиции се пријавени во обвинителството на почеток на мај, еве сме на крај на август скоро и да нема никаква разрешница, што значи дека власта се обидува да ги менаџира овие работи. Веројатно да не би била пријавена во обвинителството никој сам не би почнал да истражува. Да не излезеа тие снимки кои излегоа во јавноста веројатно немаше да се преземат никакви активности дополнителни за откривање на овој случај, што само говори дека власта сакаше да го заташка овој случај и дека само заради јавниот притисок прават нешто. Но ова што го прават е далеку од она што треба да биде“ – рече Николоски.

Тој повтори, сумата на изрекетирани пари изнесува над 20 милиони евра што само по себе кажува дека оваа акција не може да била организирана од само тројца луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This