TРАЈАНОВСКИ: Шилегов ќе ги задолжи скопјани со кредит од 12,5 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов откако ги преспа првите две години од својот мандат чекор по чекор го фати сдсмовскиот терк на работа со распродажба и задолжување. Петре Шилегов ја продаде новоизградената градска куќа за 12 милиони евра, затоа што му била мала и не била на плоштадот во Центар. За да блеска во работата по теркот на својот лидер Зоран Заев, Петре Шилегов сега ќе ги задолжи скопјани со кредит од дополнителни 12,5 милиони евра, а последната рата од ова задолжување ќе биде исплатена дури 2 мандати после него, изјави советникот во Град Скопје од ГРОМ, Александар Трајановски кој додаде:

„Со Задолжувањето, Петре Шилегов само потврдува дека парите на скопјани се трошат несовесно и расипнички, а градската каса е празна.

Еве јавно прашуваме каде ги потроши 12те милиони евра од продажбата на градската куќа? Каде ги потроши 12-те милиони евра ако знаеме дека изградбата на новиот луна парк е стопирана и не е приоритет за Петре Шилегов? 12 милиони евра е сериозна сума на пари со кои може да се изградат 4 мостови или 5 нови средни училишта, или пак да се реконструира Универзалната сала во скопје. Впрочем, што друго виделe граѓаните на Скопје и Република Македонија од СДСМ освен расподажба, бонбона бизниси и задолжување.“

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This