Taжна вест: Пoчинa професорката Блага Петроска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почина д-р Блага Петроска, професор во пензија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Петроска, како што соопшти Филозофски факултет, беше позната во јавноста по нејзиниот продонес во развојот, институализацијата и афирмацијата на социолошката наука во македонското општество е од огромно значење.
Таа е прв доктор по социолошки науки во нашата земја. Има учествувано, како еден од основачите, во комплетното институализирање на студиите по социологија при Филозофскиот факултет. Извршувала повеќе раководни функции, повеќе пати била раководител на Инситутот за социологија, а била и декан на Филозофскиот факултет.
Општата социологија, социологијата на семејството и социологијата на жената се трите најзначајни подрачја на нејзиниот научно-истражувачки интерес. Посебно може да се истакне нејзиниот придонес во истражувањето на етничкиот идентитет на Македонците во дијаспората и нејзиното залагање за рамноправноста на жените во општеството, што резултираше во обезбедување законска можност жените да работат еднакво долго колку и мажите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This