Teшкo пoвpeдeн гpaдeжeн paбoтник пo пaд oд cкeлe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градежен работник се здобил со тешки телесни повреди при пад од скеле додека работел на објект во струшлата населба Езерски лозја, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, во Одделението за внатрешни рабoти – Струга вчера во 17.15 часот било пријавено дека 37-годишниот У.Б. од Охрид се повредил при изведување градежни работи на куќа во Струшко.

– Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициски екипи извршиле увид на местото на незгодата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This