Tepopиcтoт од Виена, Албанец по потекло од Македонија тврди австриски новинар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако се уште нема официјални податоци за идентитетот на терористите од нападот во Виена, главниот и одговорен уредник на магазинот „Фалтер“ Флоријан Кленк тврди дека се работи за млад жител на австриската претстолнина од албанско потекло од Македонија.

„Тој се вика Куртин С, роден е во 2000. година во Виена каде и живеел. Албанец, а неговите родители се од Македонија и немаат никаква врска со исламизам“, пишува познатиот австриски истражувачки новинар на Твитер.


Како што наведува, напаѓачот кој застрела и усмрти четири лица, а потоа беше убиен од страна на полицијата, веќе и бил познат на Службата за борба против тероризмот (БВТ), бидејќи бил еден од 90-та австриски исламисти кои се обиделе да заминат во Сирија.

Во јули, тврди новинарот Кленк, тој е спречен во обидот да отпатува на боиштата во Сирија.

„Меѓутоа, властите не верувале дека тој би можел да планира терористички напад“, додава новинарот.


Министерот за внатрешни работи на Австрија Карл Нехамер потврди дека изутрината дека убиениот терорист бил симпатизер на ИСИС, без да наведе повеќе детали за неговиот идентитет.

Курир.рс/Танјуг
Фото: Илустрација

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This