Tpajaновски: Maкедонија и Maкедонците нe потекнувaaт од Бугapите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сега е време да се побара оставка од Зоран Заев кој ги распродава националните интереси како на тезга, рече поранешниот скопси градоначалник Коце Трајановски, кој се обрати пред граѓаните на протестот одржан денеска пред Влада на Република Македонија.

– Тука денес гледам од сите националности, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, и останати. Сите ние заедно се собравме овде денеска на овие блокади, бидејќи овие блокади се за да ја спасиме Република Македонија. Да ја спасиме државата од распродавањето кое го врши Зоран Заев и Владата, истакна Трајаноски.
Трајаноски додаде дека поради тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го спречи распродавањето на националните интереси побара лидерска средба, побара Декларација на која што ќе се обединат сите политички партии за да се кажат кои се црвените линии на Република Македонија. Но Зоран Заев и неговата екипа одбија.

– Црвените линии требаа да се дека Македонија има многувековна и многуилјадна историја. Дека Македонија и Македонците не потекнуваат од Бугарите. Дека македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот јазик, дека постојат македонски малцинства во сите соседни држави вклучително во Република Бугарија и треба да се почитуваат нивните права, нагласи Трајаноски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This