Xaос во Албанија: Приврзаниците на Бериша нacилно влегоа во седиштето на ДП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тензиии и хаос во седиштето на албанската опозициска Демокатска партија, откако историскиот лидер Сали Бериша со група приврзаници насилно влегоа во просториите, каде во една од нив актуелниот лидер Љуљзим Баша одржуваше срдба со претставници на форумот на млади.

Во еден момент имаше вербална пресметка меѓу двете страни, оние кои за лидер го признаваат актуелниот, Баша и оние кои се за Бериша. Имаше навреди, омаловажувања и обвинувања, по што состојбата се смири. Приврзаниците на Бериша ги запоседнаа столчињата и почнаа седница во коридорот на зградата, пренесува агенцијата Балкан веб.

Бериша, кој на 11 декември одржа Национално собрание на кое го разреши Баша од функцијата, при влегувањето во партиското седиште, рече дека договор со Баша во вакви услови нема да има.

Во вакви услови договор со Баша нема. Тој мора да ги почитува одлуките донесени на легитимното собрание од 11 декември. Баша останува само обичен пратеник и член на парламентарната група на ПД, рече Бериша, придружуван од повеќе актуелни пратеници.

Националниот совет на партијата вчера му даде безрезервна подршка на Баша а одржаното собрание на Бериша го оцени како нелегитимно.

FacebookTwitterCopy Link

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This