Xaшим Тачи бpoи ситно пред да биде поднесено об винението против него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за одбрана Александар Вулин вечерва изјави дека Хашим Тачи ја напаѓа Србија, обидувајќи се да се ослободи од обвинението на Специјалниот суд за злосторствата на ОВК.

Тачи ги брои деновите до поднесување на обвинението, по што ќе одговара за злосторствата што ги сторил. Не е ни чудо што тој е нервозен и се обидува да избега напаѓајќи ја Србија, рече тој.

Може да ме нападне, но не може да ја смени вистината дека злосторствата на ОВК се толку многу и толку големи што мораше да се формира специјален суд за нив – рече Вулин, одговарајќи на изјавата на Тачи во која тој ја обвинува Србија дека спроведува фашистичка политика, а министерот Вулин за навредливи изјави.

Последен пат во Нирнберг беше формиран специјален суд за една политичко-воена организација, за следбеници на нацистичката идеологија и сега за членови на т.н. ОВК. Секоја сличност е точна и намерна, рече српскиот министер Вулин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This