Xopop во Аеродром: Татко yбил син па не успеал да се caмoyбие

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осумдесет и седумгодишен скопјанец вчера го убил својот 59-годишен син, во скопската населба Аеродром, неофицијално дознава „Фокус“.

Од МВР го потврдуваат инцидентот, но истакнуваат дека случајот допрва треба да се расчисти, одноно како дошло до него.

Вчера во 19.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д.(87) и В.Д.(59), татко и син, двајцата од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури. Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Според неофицијални информации, таткото откако го застрелал синот се обидел да се самоубие, при што пукал и во себе, но преживеал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This