January 21, 2022, 11:59 am

Бислимоски: РКЕ ги пpeзeдe cитe мepки зa зaштитa нa eлeктpoeнepгeтcкиот cиcтeм, инцидeнтoт нeмa дa мe пoкoлeбa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вечерва изјави дека како регулаторно тело ги презеле сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем и дека постапката за одземање на лиценцата на „У пауер“ е почната откако е добиен допис од МЕПСО за злоупотреба на балансираната енергија за комерцијални цели.

– Преземавме мерки за да го заштитиме електроенергетскиот систем. Кон таков чекор се одлучивме откако МЕПСО ни испрати допис и алармираше за „У пауер“. Во август и половина на септември биле користени овие резерви за комерцијални потреби, истакна Бислимоски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Посочи дека доколку се злоупотребат резервите и наместо да се балансира системот, тие се користат за комерцијални цели, тогаш би бил загрозен енергетскиот сектор.

Инцидентот во кој беше нападнат, како што рече, нема да го поколеба да работи исклучиво согласно законот.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This