January 17, 2022, 3:01 am

(Видео) Haпаднат францускиот претседателски кандидат на првиот предизборен митинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседателски кандидат Ерик Земур беше нападнат на неговиот прв предизборен митинг во Вилпенте, во близина на Париз.
Имено, додека Земур (63) се движел кон сцената низ толпа поддржувачи, маж со двете раце го фатил за глава обидувајќи се да го собори на земја.

Ова, инаку, не е единствениот инцидент што се случи на маргините на митингот, бидејќи група активисти од здружението „СОС Расизам“ беа нападнати од повеќе приврзаници на Ерик Земур.

Здружението на Твитер објави дека нивните членови биле тепани и навредувани затоа што укажале на нивната антирасистичка борба.

Cпоред првичните планови, овој собир требаше да се одржи во концертна сала во Париз, но од безбедносни причини беше преместен во поголем изложбен центар во северните предградија на француската престолнина, бидејќи во Париз се одржа протест против Земур денеска, a меѓу демонстрантите имаше левичарски политички партии, синдикати и антирасистички групи.

Земур, политички новинар, есеист, писател и ТВ аналитичар, ја објави својата кандидатура за претседател на Франција на изборите во 2022 година на 30 ноември.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This