January 24, 2022, 12:19 pm

(Видео) Стоилковски: Шилегов пријавил дека луксузната вила од 300м2 што ја поседува чини колку стан од 40тина м2

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, открива детали за луксузната вила на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов која се простира на повеќе од 300м2.

„Од тука од Маврово ви презентирам уште еден луксуз на Петре Шилегов, градоначалник на заминување на Скопје, купен на Маврово со чиновничка градоначалничка плата. Ова зад мене е вилата, луксузната вила од над 300 м2, на два спрата, со луксузен двор, со луксузна летна кујна, со луксузна ограда правена од камен и со сите можни удобствија направени и земени за само една година чиновничка плата на Петре Шилегов како градоначалник на Скопје“, изјави Стоилковски.

„И овој луксуз, овие 300 луксузни квадрати на Маврово, Петре Шилегов ги прикажува како платени односно со вредност од 55.000 евра. Овој цел луксуз Петре Шилегов го пријавува колку еден стан од 40-тина квадрати во центарот на Скопје“, открива тој.

Петре Шилегов за само една година купува ваков луксуз, гради ваков луксуз од 300м2, само површина на куќата, на луксузната вила. А, по неполни три години започнува со градба нелегално, дивоградба, без документи, на семејна зграда од четири спрата и 400 м2 во центарот на општина Карпош, на многу атрактивна локација.

Ако ова сето не раѓа сомнеж за потеклото на имот на Петре Шилегов, кој што во својот мандат успеал со градоначалничка плата да создаде ова богатство и да изгради уште едно богатство семејна зграда во центарот на Карпош и тоа без документи, тогаш веројатно е нешто многу згрешено во овој систем кој што не функционира.

Нема ништо полошо од СДСМ за Скопје, нема ништо полошо од Петре Шилегов, вели Стоилковски.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This