January 19, 2022, 7:51 am

Втора пресуда на Груевски конструирана и нарачана од Заев и СДСМ, а потврдена со асистенција на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да беше сега Никола Груевски во Македонија, под услов пред една година да излезеше жив од двегодишниот затвор во Шутка каде го чекаа терористите од Диво Насеље, кои уште првиот ден во притвор ги претепаа екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, а за Груевски преку Фејсбук објавија дека ќе го најдат и на крајот на светот, сега повторно за нова глупост и заради хировите и личната омрза на Зоран Заев и СДСМ, а во соработка со Али Ахмети и ДУИ, ќе требаше повторно да оди во затвор од уште една и пол година.

Имено, денес апелациониот суд во Скопје, ја објави одлуката на првостепениот суд донесена од судијата Душан Јосифовски, донесена уште пред изборите во октомври, а објавена денес, со која се потврдува апсурдната првостепена одлука со која Никола Груевски е осуден на една и пол година затвор, заради наводно поттикнување насилство кое реално не се случило.

Апелацискиот суд го контролира Заев и СДСМ преку судиjката, Тања Милевска, која заедно со нејзиниот сопруг – партиски и државен функционер, се куќни пријатели на Заеви. Но, и преку официјалната претседателка на Апелациониот суд, избрана од нив Лидија Димчевска дојдена од кумановскиот суд.


На одлуката кумуваше и Али Ахмети и ДУИ, затоа што известител и претседател на судскиот совет кој одлучуваше за овој случај е судиката Лирие Елези Ајрулау која по потекло е од Кичевско Зајас и која со нејзиниот татко обвинител се блиски пријатели на Али Ахмети, Артан Груби и остантите од ДУИ, со чија помош таа има преминато, а подоцна и е унапредена, од Министерството за локална самоуправа под контрола на ДУИ во судот.

Всушност ова е втора пресуда за Никола Груевски нарачана од Заев а на која асистира и ДУИ. Имено, при потврдата на пресудата за “Тенк” во Врховниот суд, тројца од петте судии се Албанци блиски до ДУИ, вклучувајќи го и претседателот на тој пет член судски совет и во тоа време в.д. претседателот на Врховниот Суд Фаик Арслани кој на таа функција беше со подршка на ДУИ. Сепак, факт е дека тие само асистираат а главниот командант на овие судско-политички егзекуции и тогаш и сега е СДСМ и Зоран Заев.

За што е осуден Груевски?

За наводна нарачка на шамари за Андреј Жерновски, кои никогаш немало ни обид да бидат удрени, односно за зборови кажани во лутина, како и секој човек понекогаш. Ако воопшто тој снимен разговор е веродостоен имајќи во обзир како манипулираше СДСМ и Заев со кратени и монтирани разговори, како што беше случајот со Мартин Нешковски на кој јавноста беше сведок.


Токму затоа Законот предвидува дека докази, во случајот аудио разговорите, не можат да бидат докази во судот, доколку не се прибавени по законски пат. Ниту пак може да се докази доколку се копии, кои не можат да се споредат со оргиналот, како што е случајот со овие аудио матерјали.

Сите тие законски претпоставки се прегазени од судот, и судот суди по нарачка на политиката.

Обвинителството без никакви докази а од чисти политички мотиви направи конструкција која судот ја прифати.
Без никаков доказ дека тоа е така, судот прифати дека протестот кој се случил една недела подоцна организиран од граѓанското движење Веритас е во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.


Во протестот некој од демонстрантите за кој во судењето не се утврди кој е, скршил неколку стакла на прозорите и направил штета од 23.000 денари, или околу 400 евра.

Но, Груевски не е осуден за тоа. Тој е осуден дека поттикнал насилство. А најинтересно е што е тоа што се смета за насилство во сето ова.
За насилство се смета дека додека траеле протестите пред бараките на општината Центар, советниците на СДСМ добиле чуство на страв и неизвесност, нешто што може да се прифати во секој протест против било кои функционери против кои се протестира од нервозна и револтирана група луѓе каде има тензии.

Судот не доби докази од обвинителството дека разговорот меѓу Груевски и Јанакиевски е проследен до некого, односно дека по разговорот со Груевски, Јанакиески некому издал инструкција да организира протест. Ниту пак дека партијата го организирала тој протест, кој всушност бил од група верници загрижени по најавите на високи црковни лица, меѓу кои и Владиката Агатангел кој јавно повика на протести пред општината, дека со рушењето на деталниот урбанистички план може да се оспори градењето на црквата Св. Константин и Елена.


Се на се, во македонското судство нема ништо ново и никакви изненадувања. Политичките прогони и политички нарачаните пресуди без докази и натаму се на сцена. И натаму овие чекори се толерирани од меѓународната заедница, пред се заради сервилноста на СДСМ во однос на националните прашања на Македонците, тема заради која и меѓународниот фактор се налути на непопустливоста на Груевски. Тоа е Македонија денес.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This