January 17, 2022, 2:51 am

Груби: Имаме одговори за кои мислиме дека се удобни за бугарските ставови и ќе овозможат деблokирање на вeтото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби е оптимист дека во декември ќе има позитивни сигнали за почнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Тој во вечерашното гостување во Алсат изјави дека се очекува деблокирање на ветото од страна на Бугарија.
-Оптимизмот доаѓа од поседувањето на информации. Значи имаме целосни информации за случувањата меѓу Скопје и Софија и тоа ни влева целосна самодоверба дека ова прашање може да се надмине. Се обидуваме на 14-ти декември на состанокот на Советот за општи работи на ЕК да го имаме првиот позитивен сигнал, кој ќе ни ги отвори вратите. Подготвени сме со одговори за кои мислиме дека се удобни за бугарските ставови и ќе овозможат деблокирање на ветото. Целта е во јануари, февруари или март да се реши ова прашање и во месеците од наредната година да се одржи оваа меѓувладина конференција, со која ќе почнат преговорите за членство со ЕУ, информира Груби во гостувањето на емисијата „200“ на ТВ Ал-сат.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This