August 17, 2022, 5:46 am

ЗОШТО РУСКОВСКА СЕ ПЛAШИ ДА ГИ СПОМЕНЕ ЗАЕВИ: Дополнување од кабинетот на претседателот Пендаровски, тој никогаш не се сретнал со Јанева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стравот на Вилма Русковска на било каков начин и во било каков контекст да го спомене Зоран Заев и членовите на неговата фамилија е повеќе од очигледен по денешното рочиште за случајот „Рекет“. Имено Русковска во два наврати на денешното рочиште пред судот изведе доказ без притоа да даде контекст за истиот, а во другиот наврат отиде дотаму да целосно го фабрикувуа контекстот на она што присутните во судницата можеле да го забележат.

На една од снимките прикажани во судницата за „Рекет“ се гледа како во скопско кафуле заедно седат Зоран Милевски Кичеец и Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев. Она што е сомнително е што опис на снимката воопшто не даде обвинителката Вилма Русковска, а немаше објаснување и за контекстот на снимката на што забележа одбраната во „Рекет“.

Обвинителката Вилма Рускоска на барање на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски образложила зошто не споменала кои се двете лица што се гледаат на снимката со Зоран Милевски во еден познат скопски локал.

Квалитетот на снимките зависи од техниката со која располагаат истражителите и тоа што и како е снимено тоа и се презентира. Освен лицата кои беа таргетирани со наредбата за следење не се спомена ниту едно друго лице и така е откако законски уредено ова во 2008 година и тука нема никаква теорија на заговор, одговори таа.

Но ваков пропуст е навистина сомнителен на обвинителка со долгогодишно искуство како Русковска. Сепак она што вроди со дополнителен сомнеж е начинот на кој Русковска презентираше уште еден доказ, а тоа е ПИ-мерка на која што се гледа како Јанева со уште едно лице во автомобилот се упатува кон резиденциите на Водно каде една до друга се наоѓаат претседателската и премиерската вила.

Од презентираното во судницата, Специјалната обвинителка била следена од средината на август минатата година. На една од снимките направени од полицијата се гледа како таа како совоозач во возило „Опел вектра“ се упатува кон Водно, но да повториме дека таму покрај претседателската се наоѓа и резиденцијата на премиерот. Инфомакс и претходно информираше за можна тајна средба помеѓу Заев и Јанева, а покрај обидот за спин во судницата и преку медиумите блиски до власта на СДСМ да се наведе јавноста дека Јанева се сретната со претседателот Стево Пендаровски, повеќе од јасно е дека Јанева се сретнала со Зоран Заев.

Нашата редакција испрати прашање до кабинетот претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски дали таква средба се случила и за што се разговарало на средбата.

-Во врска со вашето прашање за ПИ мерките за обвинителката Јанева, ве информираме дека претседателот Пендаровски во споменатиот период – август 2019 не живееше во резиденцијата. Претседателот Пендаровски со семејството живее во резиденцијата од октомври 2019 година, ни одговорија од кабинетот на претседателот.

На ова за краток период добивме и дополнување:

-Исто така, информираме дека Претседателот Пендаровски никогаш немал средба со јавната обвинителка Јанева ниту пред мај 2019, ниту потоа, истакнаа од кабинетот на претседателот.

Сега логично можеме да си го поставиме прашањето, зошто Русковска се плаши да ги спомене Заеви кога станува збор за „Рекет“?

Пишувуа: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This